Македонски FUD
Fear, Uncertainty, and Doubt. Страв, несигурност и сомнеж. Сомнежи има насекаде. Луѓето некогаш си викаат, „што ако ова е вака, наместо вака?“, тоа е сомнеж. Што ако GNU/Linux има заштитен ѕид, а Windows(tm) впрочем е ѓубре за на буништето пред Прилеп? И тоа е сомнеж. И тогаш кога ќе се јави сомнежот, се добива прилика за муабет на јавен медиум.
Господинот Иван Мирчевски ги повикува на емисија, бајпасирајќи ги претставниците на GNU/Linux заедницата од Македонија, едноумски барајќи аргументи за тоа што е подобро, едната страна или другата, без никакви претсавници од другата страна. Ми кажуваа дека имало емисија каде се дискутирале теми од типот:
„Откако излезе Service Pack 4 за Windows 2000 со вграден огнен ѕид полесно спијам“
Каква реченица. Сега ќе го цитирам покојниот професор, Љубе по Историја, кој кога ќе му се споменеше Туџман или Милошевиќ викаше, „За нив само Тротилче..“ еве и јас, не тротилче, туку нов круг во пеколот за да горат поради глупостите што ги тропаат. Е сега настанува проблематиката на Стравот, сомнежот и несигурноста. Штом некој од нашите официјални фаци не знае да се снајде во муабетот, веднаш ќе го нападне слободниот софтвер со неаргументирани, арогантни и вулгарни зборови кои се негираат само со една реченица без запирки.
Македонскиот FUD воопшто не е опасен. Ги имаме ние видено таквите педерчиња по локалните портали што редовно ги посетуваме. Ќе излезат еднаш месечно и ќе кажат „Брашното на комшијата има глисти..“ и ќе ги снема.
Има една разлика помеѓу нив и нас (заедницата на слободен софтвер): Нив ќе ги заборават за 1 час, нас ќе не знаат секогаш. Дотогаш, да го полниме Викито на Лугола.





