KDE 4 Screenshots
Нема да понудам врска до слики од екранот со новото KDE. Од една проста причина, што такво нешто сеуште не постои. Сите досега излезени слики се „шминка“ или mockups, предлози за тоа кој како сака да изгледа KDE 4.
Допрва треба да се до„мигрира“ кодот од Qt 3.x кон Qt 4 како и целите KDE библиотеки да станат компатибилни со Qt 4.x. Веќе после тоа ќе излезат _веројатно_ слики од екранот од новото KDE.
Јас викам, бидете стрпливи и ќе видите нешто што веројатно ни самите нема да го очекувате. Дополнителна идеја би било KDE да ги искористи доблестите на XGL.






