Пред некое време видов вест за 10те нај-амбициозни или ако повеќе сакате нај-напумпани приказни во 2005та година. Еве линк.
Кога првпат ја видов веста си помислив дека е уште една „оne of those“ топ 10ки што излегуваат при крајот на годината каде им се искажува благодарност на државници и политичари и лижат јајцата на Бил Гејтс, но откако ја прегледав листата мислам дека се работи за голема збунка…сите 10 места се некако матни. Пример SOA .. wtf?
На десетто место е SOA…врска немам.
Деветто место е VOIP каде се дроби дека VoIP не направи многу од тоа што се зборуваше по „гетата“ на развивачи во светот. Јас мислам дека во секој случај VoIP ова година напредна, не дека доминира но напредна. А и немав читано некаде дека VoIP оваа година ќе доминира…?
И така си набројува глупости се до 6тата точка. Вика дека Фајрфокс воопшто не доминирал во светот…немам коментар. Фајрфокс не доминира. Фајрфокс ЌЕ доминира. Факт. Точка.
На прво место е „Linux will make gains on the desktop or “This is the year of Linux“. Уште една контрапродуктивна глупост која воопшто не гради морал за тие кои работат на проекти поврзани со доближувањето на ГНУ/Линукс кон десктоп корисниците. Сите сме свесни дека во следните 10 години ГНУ/Линукс нема да има добра Десктоп дистрибуција која целосно ќе ги мигрира корисниците на Виндоус кон ГНУ/Линукс за корисници кои се буквално зависни и приврзани со Мајкрософтовите продукти, но што потоа? Што по тие 10 години ако темпото на развој на слободен софтвер во светот оди вака како што одеше оваа година? Се преведуваше, се создаваше, се пропагираше, се подучуваше…само во Македонија оваа година може да се забележи како година на слободниот софтвер! За тоа се бориме и тоа ќе го оствариме, сите вакви приказни се новогодишен нонсенс кој за месец дена ќе биде заборавен.