Archive for October, 2005

SuSE 10.0

Како што навестив. Ете инсталирав СуСЕ 10.0. И мислам дека се заљубив уште веднаш! Love Ќе продолжам да користам СуСЕ бидејќи е брз, пристаплив, има еден куп софтвер (целата инсталација тежеше 6 ГБ и се инсталира за час и 20 минути). Горе долу инсталацијата е добра, некои измени околу изгледот можат да се средат инаку функционалноста е 10/10. Брзо се инсталира, препознава све живо и мојата најголема болка, нема 3Д акселерација. Не знам оти но ова ме иритира особено кога видов какви се игри има. Yast е закон, немам зборови. Брзината на компајлирање на некои од моите проекти стандардно брза (исто како и на Слек). Готово. Користам СуСЕ 10.0. Навистина е супер.

Убунту закон

Здраво. Малку се изрезилив пошто искрено да ви кажам „почнав да измислувам работи“ поврзани со моето кратко искуство со Убунту. Убунту впрочем е закон, ГНОМ е брзо како гром, препознава се, работи 10с побрзо од КДЕ во однос на се. Се извинувам за сите недоразбирања кои настанаа. Јас сум ботиња која измислува.

„Овој текст е инспириран од 2 пораки на мојата пошта од љубителите на Убунту и Гном. Немам ништо против ГНОМ ни Убунту, напротив ги поддржувам многу (нели јас бев единствен што честита ГНОМ ден во Скопје и дадов кредити на Уфо) пошто и тие се слободен софтвер. Од сега бидете субјективни и никогаш објективни.“

Мандрива 2006

Ја тестирав и Мандрива Пауар Пек 2006 (ха!). 7 ЦДиња. Препознавање на харвер 10/10, брзина на инсталација 10/10. Се инсталира за 30 минути. Поддршка за 3Д акселерација, 9/10 (малку fps). Иако Мандрива тежнее кон најдобра десктоп дистрибуција (и слободно може да се каже дека е најдобра), сепак мислам дека има уште работа која мора да се изработи. На пример глувчето кога беше прикачено во УСБ влезот, по екранот се движеше со задоцнување од 1 секунда. Потоа морав да ставам УСБ_2_PS/2 адаптерче и проработи солидно. Исто и мрежата. Се е подесено, се е детектирано, арно ама некој си чуден софтвер што треба да изиграва фајрвол не дозволува комуникација со gateway-от :( Се останато функционира добро. Само 2-3 падови на некои апликации (КДЕ) и ништо повеќе. Тоа што овие апликации паѓаат, веројатно се должи на лошите билдови на Мандрива. Активирањето на целиот систем мислам дека е значително временски побрзо. Следна дистрибуција што ќе ја тестирам е SuSE 10.0. И Кубунту веројатно.

Убунту 5.10

Првпат инсталирав Убунту кога излезе првата верзија на оваа дистрибуција. Многу ми се сневиде. Бавна, без многу поддршка за харверот, бавна во инсталацијата, падови и слично. Од пред некое време имав на ниет да инсталирам Убунту 5.10 за да видам дали да ја препорачувам оваа верзија или пак ќе биде тапалина. Вчера инсталирав на мојот Лаптоп. Инсталацијата мислам дека е дури и уште побавна. Најпрво е Убунту, па Виндоус XP :( Инсталацијата траеше 1 час и 40 минути. На П4 2.6 ГХз (32б) со 512 ДДР РАМ. Не дека се нервирав но не знам што го прави Слеквер побрз во инсталацијата на целосен систем (КДЕ, ГНОМ, систем итн.). Додека Слек ви зема најмногу 30 минути, Убунту го тупи, го тупи и на крајот започнува. Детекцијата на хардвер, секоја чест. Звучна, ACPI, графичка (со 3D акселерација, нешто што никој друг не успеа да го направи на мојата ATI Radeon 9600 Mobile карта), па монитор, па…се! Гном ми се виде бавен како пекол. Не знам оти но другпат работел многу побрзо. Некои работи не се изменети. Не знам за каква стадардизација на ГНОМ зборуваат ГНОМ корисниците кога основни тастатурни кратенки не постојат. Мислам Shift+Delete е непостоечка кратенка :( И други забелешки околу Наутилус. Најсолидна работа која ме импресионира покрај 3D поддршката за графиката, беше можноста за безболна хибернација на системот. Уала! Целиот систем се враќа во првобитната состојба за само 10 секунди. Никакви кочења и проблеми, нешто што порано беше мрак за Линукс базираните системи. Исто ме импресионира што ги најде мултимедијалните копчиња на машината. Се на се супер е новата верзија, дава поддршка за се. Голем минус за инсталацијата, за „брзината“ на ГНОМ, нестардазираноста на работната околина. Голем плус за препознавањето на хардвер (особено графичката) и можноста за хибернирање на системот.

Amorphis enhanced

Како што знаете проектот Аморфис е функционален но не доволно за да се стави изворен код и упатства за работа на Мрежата. Од две гледни точки, најпрво подесувањата кои би требало да се направат ќе го натераат секого да се откаже од намерата да го користи проектот и второ и кога би имало обемна документација каде ќе се објасни начинот на подесување тоа би значело посветување многу повеќе време на документацијата отколку на самиот проект. Затоа го решив следното. Ќе го преработам целиот проект и ќе го направам проект за работа на било каква установа (аптека, продавница за колинијал, за компјутери) за материјална обработка. На тој начин проектот ќе ја изгуби моменталната тежина и ќе стане универзален. Тогаш Аморфис нема да биде проект за Аптеки и Фармацевтски установи туку проект кој дава решение за материјална обработка на податоци.

Чекам сугестии и идеи како коментари.

Кој е денеска будала?

Интернесна реализација во врска со тоа кој денеска се смета за будала, за идиот и за примитивец. Тоа се разбира се луѓе со повисоко разбирање за духовниот свет на изворот на сите работи. Архитектот од Матрикс, состојбата на умот при колебање или ако повеќе сакате барањето на помош само кога таа ни е потребна. Така се случи овој вторник. Инсталирав Мандрива Линукс 2006 ПауарПек на две машини кај двајца другари кои сакаат да користат Линукс во секој случај супер идеја. Откако се инсталира по дополнителните подесувања (мрежа, изглед, итн.) дојде еден пријател на моите пријатели. Кажа дека нема драјвери за Виндоус неговиот „фуш дигитален апарат од 1500 денари“ (така тој се изрази). Јас му го чапнав од раце и без никакво двоумење и сомнеж во ставив во УСБ-то, Дигикам го детектира и опса, ете ти ги сликите баче!

Користете Линукс, знае да ве извади од ќорсокак. Секогаш! И без сомневање во тоа што го правите!

Европски кредит тапа систем

Пред некоја недела се префрлив на новиот начин на студии, ЕКТС, не дека сакав туку дека морав. Сите беа ќеф бидејќи најтешките предмети што ги имавме во 2ра година се претворија во изборни. И тогаш од зад грб ТРАС! Нема октомвриска сесија. Јас изгледа ќе фатам услов ама другите на кои им фали сесија ќе попиздат.

Денес излегувам надвор и гледам црна темница, прст пред око не се гледа. А живеам на една од најголемите улици во Битола, Булевар 1ви Мај. Палам колата и возам. Почнувам да осеќам селски пат. Добро е си викам, сега сум на Партизанска. Двапати тука ја имам дупнато гумата од невидливи дупки полни со вода при врнење. Терам. На семафорите кај Веро го гледам тој семафорот висечи што е, готов да падни и да уништи едно цело Фичо. Арно не дува ветер. Паркирам пред зградата на тетка ми и од една тераса гледам летечки артефакт во форма на фино пластифицирано, домашно ѓубре. Некаде си летна по своја волја. И кога стигнав пред Хотел Македонија во најстрогиот центар на градот веќе ќе се расплачев од реализацијата каде јас живеам. Но ми текна на европскиот кредит трансфер систем што го имаме на факултет. Ми олесна, па ми текна дека живеам во Европа. Чудна Европа каде студенските прашања се претворени во „дежурни дерални“ на стари жени кои држат работно место на други 24/7 нервозни. Европа каде ВЦ-ата се поплавени со течен измет и автоматски чешми што течат нонстоп. Европа каде резултати за испит од витално значење за вашата иднина се чекаат и по месец дена. Европа каде асистентката по С/С++ е потапа од најтапиот студент! Join us!

Како ОпенОфис ми го зафркна денот!

Вчера пишував семинарска работа за на факултет. Бидејќи ОпенОфис ја има можноста да зачувува документи во DOC формат, а на факултет немаат ОпенОфис или друг ОАСИС станрадизиран канцелариски пакет, 24те страни од мојата семинарска ги обработив токму како Мајкрософт документ и ги зачував. По следното отворање документот личеше како да е пишуван во MS Office 1879, катастрофа на катастрофите. Пасосите беа де погоре де подолу, бројот на страница си отишол на сред страна или на друго глупаво место, некој дел од текстот беше претворен во коцкички. Ги поправив работите. Зачував и пак истото, само овојпат дабетер. Така цел ден ми помина во рециклирање на текст што другите корисници го прават во 20 минути. Знам дека има предупредување за загуба на податоци при снимање на документ во DOC формат, ама се прашувам зошто таа можност да чита и запишува DOC формати се форсира на велико? Некои други мали или големи причини кои овој пакет ги има или нема како вградени опции нема ни да ги споменувам заради лојалност кон слободниот софтвер.

Операција на јаболка

Се сеќавам кога бев малечок како правев операции на јаболка. Не знам зошто сум го правел тоа, но веројатно со мојата детска наивност сакав да ги отстранам црвјата од внатрешноста на јаболкото за целосно да изгледа убаво отпосле. Значи мојата детска искреност ме натерала да ја занемарам надворешната убавина на јаболкото и да направам јазол на малите ранички од кожата на јаболкото, гледајќи внатре, вадејќи ги штетниците од внатре.

До кога ќе посветуваме внимание на надворешниот изглед на софтверот? Многумина сакаат прекрасен изглед на апликациите, прекрасни теми, вклучително и јас, но никогаш не сме се запрашале што можеме да направиме за да ја подобриме системската функционалност на софтверот што го користиме. Среќа што ние користиме слободен софтвер и тоа ни е на дофат. За грев Виндоус корисниците што би сакале да го оперираат јаболкото но го немаат скалпелот за сечење. Или откако ќе го оперираат јаболкото (шансите за тоа се 0.00009% преку декомапјалирање или едитирање бинарни датотеки на машинско ниво), пазарџијата ќе свика и ќе ги стави в затвор, па казни, па што „фаќање хакери“, па кој е појак хакер…леле, леле.

„Виндоус Виста“ е прекрасно јаболко, но нема семе. Наместо тоа има црви. Оперирајте ги!

WW2D, алтернатива за Google earth

Една од најдобрите апликации за тепање време, а бога ми некогаш и корисна за ицртување мапи и скици на некоја локација, Google earth нема своја верзија за ГНУ/Линукс. Наместо тоа ја пронајдов World Wind 2D, која пак е алтернатива (ОЈЛ) на Google earth, со верзии за ГНУ/Линукс и Виндоус. Ете сега се обидувам да си ѕирнам во куќата од сателит ;)

Официјална страна

Next Page »