2 убави книги
Искрено кажано, сѐ уште се вклопувам во концептот на MVC, апсолутно ново за моето скромно знаење и на моменти се чувствувам … вака!, но со текот на времето и со читање на упатствија се снаоѓам. На патот ми се најдоа две многу убави книги. Едната ја купив од Amazon точка ком
другата ја симнав од pdfchm. На сите кои почнуваат да работат со Rails и кои сакаат да го продлабочат своето знаење во овој прекрасен фрејмворк, строга препорака за:
Agile Web Development with Rails: Second Edition, 2nd Edition
Книгава иако второ издание расправа за Rails 1.2. Последна верзија на „шините“ е 2.0(.2), но сепак не го осетив јазолот на различните верзии. Многу битно е што коавтор на оваа книга е David Heinemeier Hansson, авторот на Rails, со тоа му се зголемува компетентноста на информациите во книгата. Сѐ уште ја немам дочитано, но судејќи по тоа како ми оди, за нецел ден прочешлав речиси половина од неа, ќе го сторам тоа до следниов викенд. Примерите што се даваат во книгата се практични и сите сугестии и предлози се најдобронамерни од стекнатото искуство при решенијата што DHH и тимот со кој тој работи ги создавале. Имајќи во предвид дека документацијата на Rails е хаос, па дури и noobkit, книгата дава практични примери како д се дојде до барано решение, кој валидатор да се примени, ти реков-ми рече…
Патот на шините, или The Rails Way. Ова според мене, иако неофицијално, е референтната книга за Ruby on Rails, издадена од Obie Fernandez со менторство на …guess! DHH. На почетокот кога ми стигна делуваше .. МАСОВНО на цело село. Книгата има близу 1000 страни, практично ладно оружје. И на почетокот бев разочаран од тоа шо го тупи го тупи го тупи … но! откако ќе ја прочитате првата книга, втората ви доаѓа како мајонез врз паштета. Па шо знам, to fuck him, еве ви една голема рецензија, тупете си умот.






http://i25.tinypic.com/2z7icrk.png
Ти цути фризурата. :Р
A, да, rails ftw!
фризот ми е папагалски.
Супер книги, фала за препораката. Ако може да препорачаш кој уредувач/развојна околина е најдобра за rails. RadRails не ми е баш нај нај.
Јонка: не користам никакви срање IDE-ња по принцип, сем за некој потешки фремворзи кај шо неам нерви да пишам code from scratch. Користам Emacs со сите нишани за Rails&Ruby итн…
Emacs е добар, многу многу добар!!
Мислиш на ова?
http://dima-exe.ru/rails-on-emacs
Пробав да го инсталирам ама неможам да го средам некако. Може мала помош?