11 октомври е мртов, да живее 11 октомври!
11 октомври. Веќе ги гледам прилепчани како симулираат напад на железничката полициската станица, како што било пред 50тина години
Македонија го одбележува денот кога Прилеп и Куманово се дигна против фашизмот. Се ќе беше прекрасно ако Македонија навистина ја ценеше борбата против фашизмот. Ако институциите кои се задолжени да нѐ потсетат за важноста на борбата против нацистите функционираа како што секој очекува во нормална држава (што знам…Здружение на борците (ок луѓето се стари), па и политички партии кои се происход на КПЈ и сл. кои пак во НОВ се биеја против фашизмот), ја ценеа злобата на фашистичките идеологии и нео-нацизмот во модерното време и ако навистина се гадеа од окупаторите и гордееја на своите дела за ослободување на РМ (долга реченица, фак), немаше да дозволат на спортски натпревари да се вее свастика (фашистичката), немаше да дозволи да има паради на неонацисти во Битола, немаше да дозволат да бричените глави тепаат свои сонародници (и со-расници) поради тоа што имале долги коси или да тепаат Албанци, Роми и други малцинства кои ги сметаат за минорни (кои сепак се од иста раса со нив). Немаше да дозволат на зградата на АРМ во Битола (позната како Офицерски Дом, има прекрасна градба и важи за една од најдобрите архитектонски зданија во Битола) да се испишат кукасти крстови и фашистички пораки непосредно по реновирањето (сега тоа е санирано, но за испишувањето на пораката никој не се најде да одговара, иако во Битола неонацистите може многу лесно да се најдат и испита нивната инволвираност во таквите активности).
Македонија, барем така ме учеа на школо, пропатила од фашизмот, а моментално нема разработена агенда која ќе се бори против нео-нацизмот како модерна појава во денешното време на пониските слоеви граѓани во општеството кои за сходно го наоѓаат Хитлер како врв на интелектуалноста или Мусолини како идеолог кој ќе ја обединел Македонија во нејзините природни граници. Жално, но вистинито, денес е прилично страшно во нашата земја да се носат антифашистички знаци, затоа што се по некој wanna-be Хитлеровец ќе се најде да ти го еби денот или да те смести на болница. Да живее НОВ, АСНОМ и 11 октомври!





