Што сакаме да видиме сите
Еден текст ме натера да размислам за тоа како би се користел ГНУ/Линукс во иднина. Имено, компанија како Гугл која го поддржува слободниот софтвер на високо ниво да „склопи“ оперативен систем кој се надеваме ќе им парира на неслободните алтернативи и кој би стоел како стандард за ГНУ/Линукс дистрибуција. Зошто сакам да го видам ова?
Ако за пример ја земеме нај-пријателската дистрибуција Мандрива Линукс, тогаш секој може да каже најмалку 5 мани кои би сакале да ги нема во неа. Тоа важи нели за секој софтвер глобално. Но на тоа не се жалат корисниците на Виндоус. Тие користат тоа што им се сервира бидејќи и да се пожалат нема кој да ги чуе. Така ако Гугл се актуелизира со оперативен систем базиран на Линукс и изработен од нивни тимови, со оглед на нивните претходни проекти и активности можеме да сметаме на солидна ГНУ/Линукс дистрибуција која на некој начин би поставила стандард во терминот ГНУ/Линукс кај крајните корисници (кога би се споменал Линукс, тоа би била таа дистрибуција). Крајните корисници, одејќи по логиката на лиценцирањето, ќе користат слободен софтвер (во текстот хипотетички се споменува ГуглОС како име за системот). Своите потреби ќе ги прошируваат и надополнуваат бидејќи нели станува збор за слобода на модифицирање и прилагодување. Ќе се развива систем од компанија која веќе му парира на Мајкрософтовите Веб производи, а можеби и веќе ги „шие“. Тоа се случи еднаш порано и со МСН, пропадна. Во иднина би било добро Гугл да превземе пазар со свој систем, своја мрежа (која е веќе актуелна) и свој софтвер. На тој начин ќе се добие ГНУ/Линукс систем, мрежа и слободен софтвер. Подобро амин.
Целиот текст ОВДЕ





