Што (по ѓаволите) се случи 2007г?
Многу убави работи се случија минатата 2007ма. И редица лоши работи кои сакам да ги заборавам. Изминатата година, иако пост-мортем (за жал) сфатив дека го идеализирам идолопоклонството. Си го најдов својот идол, го открив својот бог, оној кој со две раменици и 10 прсти направил нешто за неговата фамилија, нешто што можеме да го видиме без апстрактно да се надеваме, нешто кое е права гордост за нас. Да, веројатно 2007ма го открив оној на кој му ја оддавам сета своја понизна почит за тоа што денеска сум тука и Ви досаѓам со моите постови. Многу работи научив од него и за тоа му сум повеќе од благодарен (не може да се опише со зборови), и покрај фактот што го изгубив тој секогаш ќе биде вклесан длабоко во моето срце и секогаш ќе ја чувствувам истата гордост што сум негова крв и што од него ја добив најголемата награда што ниту еден бог не може да ја подари - животот (и тоа двапати, еднаш ме спаси кога за малку ќе се удавев јадејќи леб како мал
).
2007ма можам да кажам дека патував прилично. Бев Дубровник, Грција на неколку локации, Пула, Загреб. Патував и низ Македонија. Поминав секаде прекрасно. Дубровник со гико-хакерскиот округ од Скопје, Закинтос со С., Пула пак со (дел од) првите. На iSummit видов многу убави фаци и се запознав со редица прекрасни хакери и активисти, а на Закинтос ја изгубив невиноста за возење веспа (првиот ден беше посебна приказна). Пула ги запознав најсмешните „пајсери“ на Балканот, Мишко и Марко, а Миша го одбележа патувањето со „хакерску конференцију“ и „шест-мината“ во комбето (впрочем бевме 5
)
Whatsoever. Јануари/Февруари бев активен со курсевите за GNU/Linux на UNDP, со Павле и Влатко. Беше ХИЛАРИОЗНО смешно. Грагра, Саруман! Шетавме низ Македонијата.
Откако Тоше загина ми се чини сѐ тргна на-проудолу.
Ама сега е 2008ма. Нова година. Нека ви е среќна и правете повеќе деца!
Објавено на денешен ден:
- Полн Јануари - 2006





