Што му кажав на Тито?
Добивме информација дека уште еден масакр се направил во битолската Гимназија Џозеп Броз Тито, на тоа јас лично како координатор на Лугола делував преку испраќање на писмо до школото (сеуште немаат одговорено):
Здраво,
Ви испраќаме порака преку електронска пошта поради тоа што членовите на Лугола (www.lugola.net) не се во можност да контактираат со некој од вашето училиште лично. Има една мала ситуација за која Групата на корисници на GNU/Linux од Битола (Лугола) е загрижена, а од друга страна цел на групата е да ги заштитува правата на корисниците на GNU/Linux како и да го спроведе почитувањето на кодовите за однесување кон инсталираниот слободен софтвер по институциите во градов/земјава особено образовните институции.
Со оглед на тоа што веќе подолго време ние како група делуваме во однос на тоа да се зачуваат GNU/Linux инсталираните дистрибуции на компјутерите во училиштата низ градов, Ви го испраќеме и писмото. Со сета почит и уважување:
Пред некое време Лугола дозна дека во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола е избришана стандардната инсталација на Linux системите кои дојдоа со донациите на компјутери пред извесно време во сите школи во земјава. Преинсталацијата на системот кој Вие го работите и користите за одржување на предавањата не значи дека мора да се избрише и систем на друга партиција. Зошто е ова важно? Поради тоа што младите имаат право да знаат за слободниот софтвер и да работат со него, па од тука произлегува и проблемот со тоа што доколку веста која стигна до нас за отстранетите Linux системи е точна и Вие ја потврдите не само што некој треба да сноси морална одговорност кон слободата и правото на избор, туку тој ќе треба да превземе нешто за тоа да се санира на време.
Ние сме свесни дека ретко кој професор прифаќа да работи на Linux базиран систем или слободен софтвер воопшто, за жал капацитетите и можностите, а и интересот на професорите кон ова поле од информатичката технологија е минимален, речиси непостоечки, но тоа што професорите не знаат да работат и администрираат други системи освен комерцијалните широко-употребувани системи не значи дека треба да се прави штета во однос на правото на избор на младите.
Како решение ние ви нудиме можност членовите на Лугола да дојдат и да го санираат проблемот со тоа што ќе инсталираат GNU/Linux дистрибуции на компјутерите каде тие се избришани со што ќе се постави/врати можноста за употреба од страна на тие корисници на истиот, а и за запознавање на тие кои не го познаваат и кои немаат работено со него.
Поздрав,
Лугола
Објавено на денешен ден:
- Тато вика 'use KDE' - 2005
- When shell I be free?! - 2005





