Чичо се врати
И додека да се вратам во Битола се случија едннно чудо работи.
Лугола is alive and kicking, драго ми е што заедницата се спои. До пред маратонот непознатите членови и раководства од оССМ и Лугола не се познаваа. Отпосле истите се дружеа и кезеа до смрт и тролаја, се вреѓаа и анонимно затнуваа WC шолји, па така двата делови од едната заденица се направи едно помоќно дружење со уште помоќна заложба.
Друго, ме има на табло. Една од желбите да видам како им е на пингвините ми се оствари. Видете ме на табло и ќе видите еден долгокос пингвин со керамичка плочка на главата (сакаа да направат диполомска капа но мизерно неуспеаа).
Никако да седнам и да програмирам. Почнав да учам Python и ми беше неверојатно интересно. После се појави маратонот, помина маратонот и со тоа и изговорите дека ќе учам. Ама ете доаѓа Јунска сесија, а јас сеуште 5ти семестар немам заверено
За сите дополнителни тролања и префрлувања на добро познатите теми ќе бидам повторно тука. Да ги потсетам корисниците на неслободен софтвер што пропуштаат, да ги потсетам корисниците на слободен софтвер што би пропуштиле и да ги потсетам дебелите во фотелјите кои се заслужни што пред спиење маваат со рацете за да им се угасне светилката.
Патем, Јани е од Битола. Ај тргнете НЗС…





