Флојдиска Република
Со голема радост Ве известуваме дека денеска, на заседанието на законодавниот дом на Флојдиската Република без ниту еден глас против се изгласани:
Знамето на Флојдиската Република:

и пасошот на истата:

Државјанства ќе се делат од месец декември, кога и очекуваме првите меѓународни институции да го препознаат постоењето на државата во држава, Флојдиска Република во Р. Македонија. Целиме кон добивање на 23% популација низ целата земја, со што ќе се загарантираат нашите малцински права за учење на флојдискиот јазик (кој порано го сметавме за битолски дијалект на македонскиот) во училиштата и другите образовни институции, со што непоколебливо ќе пристапиме кон интегрирање на ФР. во ЕУ и НАТО.
Неколку факти:
Флојдиската Република се простира на 4.7м2, близу центарот на Битола, заградена е со 4 ѕидови и може да биде дом за секој човек кој е спремен да биде лојален Флојдиец, територијата динамички се алоцира со можност за зголемување доколку има потреба за тоа. Флојдиската Република има за цел да го воспостави она кое требаше, а не успеа, да го воспостави земјата каде Флојдијците порано припаѓаа, РМ (а листата е долга, уф).
Претседател: нема, земјата се води самата по себе, потпирајќи се на културата и љубезноста на граѓаните/Флојдијци.
Религија: Сметаме дека МПЦ, СПЦ и ОПРСТЌУФЦ се штетни за една држава и не треба да се признаваат како валидни верски заедници на територијата на РФ. Сите претставници на МПЦ (вклучувајќи и претсавници на ИВЗ, и Јован Вранишковски ака Древницки) од територијата на нашата земја ќе бидат замолени да заминат. Затоа, единствено како духовен лидер на нашата заедница го признаваме живиот бог - Розевиот Гилмор, скратено - Дејвид (сета слава).
Света книга/списи: “The (ANSI) C Programming language“ - како водич за технолошки напредок на нацијата и земјата.
Химна: Nobody Home? (Флојдијците на химната не стојат исправено, туку танцуваат)
Јазик: Флојдиски, препознат и како битолски дијалект (правопис, граматика и лексика - во развојна фаза)
Број на жители: 2 (засега)
Флојдијци во странство: ниеден пријавен.
Предлагаме промена на името на Република Македонија во ФИРОМ, како скратеница од „Floydian and Republic of Macedonia“ со што ќе се реши ипроблемот што РМ го има со нивниот и наш сосед Грција.
Објавено на денешен ден:
- Од прав во RAM - 2006
- Лугола има нов search engine - 2005






Прифаќам се освен Јазикот
Комплетно ја поддржувам идеата да се формира ваква установа и гласам „За“ пасошот и знамето, а се надевам во скоро време ќе се излезе и со грб и документација за официјално прифаќање на државјанството. Светите списи и идеата за претседател и духовен водач ги разбирам и прифаќам, само што сеуште не разбирам што е поентата со користење на еден јазик/дијалект. Зар не треба да се либерализира односот кон личностите кои сакаат да го користат својот говор и дијалект? Во ваква република не треба да се ставаат рестрикции, како во случајот со „битолски дијалект“. Се надевам дека ќе најдеме разбирање за ова прашање и „од месец декември“, како што велите, ќе преминеме кон посериозен пристап, делење државјанство и институционирање на републиката. Со почит, заколнат Флојдец, Влатко. Благодарам.
:)))
Ќе разговараме тет-а-тет, затоа што комплексноста на ова прашање доведува до потреба за личен консензузцусууцузус.
[...] можноста за признавање на нашата мала суверена држава Република Флојдија, како меѓународно призната држава со свои обележја и [...]