Фати го Трендо, или зошто не може да се исмејувате на слободен софтвер.
На сајтот на On.net вчера се појави слика од еден прозорец на Firefox, во содржина со наслов „Фајрфокс во земјата на чудата“ каде според Трендо/уредникот е направен неверојатно глупав пропуст кој заслужува да се стави на Он.нет и на чие исмевање ќе се соберат нешто повеќе посетители на овој портал. Сликата за цело чудо е ставена во „македонштина“ што уште повеќе ја доловува вистинската македонштина во ситуацијата. Еве ја сликата:

За да не правиме промет на on.net.mk (и онака содржината нема да е пристапна за 2 дена пошто ниту еден линк не работи на глупавиот софтвер кој порталот го користи) ја ставив на tinypic..
Со оглед на тоа што и некој друг претходно забележувал на преводот на Firefox, мало појаснување. Во англискиот јазик зборот на кој се забележува е Quirks Mode, кој во Firefox тимот за локализација го превел како Чуден режим. Е тоа е навистина смешно. Аха ха ха ха…хаха, каков пропуст, па Трендо ја откри Америка, па ова треба да оди и на Digg ако ме прашувате мене…за таа цел, сакајќи да му посочам како стојат работите, имајќи во предвид дека нема појма, му пишав дека грешките може да ги пријавува на bugs.softver.org.mk, или што е уште попровактивно, нека предложи превод за терминот Quirks mode па ако најде за згодно да даде кратка елаборација на преводот можеби и ќе се прифати како постојан во преводот на Firefox. Имате пристап до кодот, имате пристап до датотеките за локализација и имате лесен начин да стапите во контакт со тимот кој го преведува Ффокс. Да објавите исмејување на слободен софтвер, или уште полошо, исмејување на превод во слободен софтвер, е исто толку дебилно како и да се смеете на бојлерот кој не сака да топли вода во вашиот дом поради тоа што вие не сакате да го поправите.
Затоа, имајќи во предвид дека за скоро почнува Милионерот, а Трендо како транспарентен водител и уредник секогаш на располагање на рајата, предлагам секој од нас да ја забележува секоја глупава шега што Трендо ќе ја прави на квизот. Барем тие што го гледаат. Ќе ја објавуваме и ќе ѝ се исмејуваме, а ги има премногу…барем ги имаше лани..да забележуваме обиди за зезање на натпреварувачите при што прават ваква фаца: (о_0), да забележуваме обиди за бидување кул исто како што се кул тие погоре, да забележуваме секогаш кога Трендо ќе каже „биди така“ затоа што тоа звучи крајно дегенски и глупаво. Што викате? И да го објавуваме на Кајмакот и сите да пишуваме РОФЛ, ЛМАО и ЛОЛ во коментарите?
Објавено на денешен ден:
- Last.fm farewell - 2007
- Slacky стара љубов! - 2005






http://developer.mozilla.org/en/docs/Mozilla’s_Quirks_Mode
In quirks mode, layout emulates nonstandard behavior in Navigator 4 and MSIE for Windows that is required not to break existing content on the Web.
Значи „нестандарден режим“
Р.Ѕ. Можеле и тие што преведуваат да се потрудат малку повеќе.
Баш тоа што зборував…
Боби, нема „тие“. Има „ние“.
Oh boo hoo hoo, cry me a fucking river. Некој го критикуваше опен-сорс софтверот. Опа, извини, софтверот со отворен изворен код.
Гет а грип, гет а лајф енд мув он. За смешно, смешно е. За тоа дека е уште бетер до толку да сватиш лично некоја работа, бетер е.
Ај бе не му се лижи на Трендо
Пфт, баш напротив - првпат ја видов сликава баш тука. Ја иам планетата у РСС, и читам редовно. И секогаш, ама секогаш ми е смешен ваков зилотизам.
И уште одозгора - “Зошто не можете да се исмејувате на слободен софтвер?” -можам на све да исмејувам, на све што треба и заслужува да се исмејувам. Тоа го прави светот подобар, мене ми дава краткотрајна сатисфакција, и на одреден начин, му кажува на тој/тоа што го исмејувам, дека е погрешно.
Знаеш што - ептем го сакам Фајрфокс. Ептем. Ама не го сакам поради тоа што е опен сорс - туку поради тоа што е подобар, постабилен, итн браусер. Лично, тоа дали нешто е опен сорс или не, не ми прави ама баш никаква разлика, во филозофска смисла. Не сакам преведен софтвер (на македонски) затоа што едноставно ми е чудно, без разлика дали е опен сорс или не. Баш ради вакви моменти.
Енивеј, спикинг оф исмејување итн, си гледал некогаш некој стенд-ап на Карлос Менсиа (Carlos Mencia)?
Секој коментар е излишен пошто сите знаете колку сум во право
сепак, ти го ценам мислењето. И мора да ти кажам, Ффокс е толку добар како што опиша, пошто е слободен софтвер.
пријавете bug на bugs.softver.org.mk
My 5 cents…
Мислам дека нема да можеш да му се исмејуваш на Трендо, бидејќи ако расудувам според рекламата на Милионер.. тој воопшто нема да го води.
На рекламата не се појајвува никаде. И не можам да најдам ниту една маркетиншка причина за фактот дека би го криеле водителот, сем ако водителот не е оној на кој што се навикнавме да го гледаме.