Убунту 5.10
Првпат инсталирав Убунту кога излезе првата верзија на оваа дистрибуција. Многу ми се сневиде. Бавна, без многу поддршка за харверот, бавна во инсталацијата, падови и слично. Од пред некое време имав на ниет да инсталирам Убунту 5.10 за да видам дали да ја препорачувам оваа верзија или пак ќе биде тапалина. Вчера инсталирав на мојот Лаптоп. Инсталацијата мислам дека е дури и уште побавна. Најпрво е Убунту, па Виндоус XP
Инсталацијата траеше 1 час и 40 минути. На П4 2.6 ГХз (32б) со 512 ДДР РАМ. Не дека се нервирав но не знам што го прави Слеквер побрз во инсталацијата на целосен систем (КДЕ, ГНОМ, систем итн.). Додека Слек ви зема најмногу 30 минути, Убунту го тупи, го тупи и на крајот започнува. Детекцијата на хардвер, секоја чест. Звучна, ACPI, графичка (со 3D акселерација, нешто што никој друг не успеа да го направи на мојата ATI Radeon 9600 Mobile карта), па монитор, па…се! Гном ми се виде бавен како пекол. Не знам оти но другпат работел многу побрзо. Некои работи не се изменети. Не знам за каква стадардизација на ГНОМ зборуваат ГНОМ корисниците кога основни тастатурни кратенки не постојат. Мислам Shift+Delete е непостоечка кратенка
И други забелешки околу Наутилус. Најсолидна работа која ме импресионира покрај 3D поддршката за графиката, беше можноста за безболна хибернација на системот. Уала! Целиот систем се враќа во првобитната состојба за само 10 секунди. Никакви кочења и проблеми, нешто што порано беше мрак за Линукс базираните системи. Исто ме импресионира што ги најде мултимедијалните копчиња на машината. Се на се супер е новата верзија, дава поддршка за се. Голем минус за инсталацијата, за „брзината“ на ГНОМ, нестардазираноста на работната околина. Голем плус за препознавањето на хардвер (особено графичката) и можноста за хибернирање на системот.
Објавено на денешен ден:
- The glory of the revolution! - 2008





