Тајната страна
Пред годиње. А. се шетка по кибер просторот и бара музика која артистите се желни да ја споделат со него и другите. На еден форум кој веќе не го посетува го наоѓа диџејот и артист Secret side.
Негова прва трака беше Zerbyland. Прекрасна нумера. Очекуваше уште такви слободни тракички во кои ќе ужива. Secret side ги даваше баш слободно, без да напомене дека врз нив нема рестриктивна Copyright лиценца, иако како што кажа Би, кога артистот не става лиценца не значи дека трудот е слободен, напротив, правото на авторот му се доделува автоматски него и само него. Како и да е…во тоа време А. ги знаеше само Plasma Gun и Zerbyland.
Денес, сурфајќи по истиот кибер простор, А. налета на Jamendo. Го беше слушал тешко изговорениот французин како го претставува овој проект во Дубровник. Тоа е сајт каде независни (или волни за тоа) артисти споделуваат свои трудови како слободни трудови. Најчесто се работи за Creative Commons лиценци но не и секогаш. Меѓу артистите го забележа и Secret Side. Чудна радост го обли
Го симна албумот, се вика The Dark Side. Ако нешто можеби малку смета е и non-commercial дидот на лиценцата (што може да забрани да пуштате музика како диџеј за кој настап ќе треба да бидете исплатени). Албумот е прекрасен. Строго препорачан за сите. Елементи на гоа со дарк примеси и интересен и специфичен стил на бас линија.
Објавено на денешен ден:
- Ubuntu related - 2006





