Слободата одблиску во Прилеп, 25 мај
Штотуку се вративме од Прилеп. Беше прекрасно. ПРЕКРАСНО! Забавно, поучно, пријателски и се што остана. Ако не дојдовте нека Ви е жал, многу. Прилепчани ни оставија супер впечаток дека ќе ги биде заедница, со што ќе кажеме дека овој дел од нашава земја е расположен за афирмација на слободниот софтвер.

Следна дестинација: Кире вети дека ќе се организира ден на GNU/Linux (можеби ден на слободен софтвер?) на почетокот на Јуни, такашто ќе бидат поканети многу повеќе гости. Да, да. Имаше фаци во задните редови кои фуфкаа (пффффф…) кога кажував дека нивните податоци можеби нема да бидат достапни во иднина ако користат неслободни формати, ама пак за нив гајле ми е…хехе..
За скоро ќе образложам една идеја, за тоа каде и како може да се фокусира вниманието за оформување на ГКЛ или центри за поддршка на корисници на GNU/Linux и глобално слободен софтвер, а за уште поскоро ќе објавиме фотографии од настанот.
Личност на денот: малата Тања која разбрала убаво од брат и Кире за Лугола и Линукс, па праша: што е разликата меѓу Линукс и Линекс? Јас и одговорив: и двете се против една иста работа
слатко.






Е да ти кажам право немислев дека и ова ќе го направиш, со сестра ми.
Линукс/Линекс..
хахахааха
.. Пак ти после за Прилепчани прикаски да кажуваш со кучиња и сл.
Како и да е жалам што не дојдов (не со солзи де). За други вакви средби од отворен тип блогот Прилеп - кој исто така го уредувам јас, е отворен за соработка, односно промоција.
Поздрав.
пс: ribaro100@yahoo.com
prilepblog@yahoo.com
Абе ти вечито жалиш што не дојде. Престани да жалиш и дојди!