Се бара координатор
Востанието веројатно полека но сигурно згаснува. Во петок треба(ше) да се случува „Ден на слободен софтвер“ во Битола, прослава на меѓународниот ден на слободен софтвер во светот, но со оглед на тоа што отидов за Пула ништо не е сигурно околу настанот. Зошто? Затоа што заедницата на корисници на слободен софтвер во Битола е МРТВА. Затоа ви го велам ова, во наредните неколку месеци, да конкретизираме до 19 декември се повлекувам од координирањето на Лугола, да видиме до каде ќе одат работите, ако групата изумри тогаш ќе изумри и заедницата во овој дел од нашата земја. Со тоа јас ќе се повлечам од сите членувања во организации и здруженија од кои сум дел или од кои сум имал намера да станам дел. Ќе продолжам да бидам активист во соло издание.
Причините главно се сведуваат на нешто околу ова. Веројатно е до мене што премногу сериозно си ја сфаќам работата на организатор на заедницата во Југо-западна Македонија или конкретно Битола. Веројатно е до мене што секогаш си ставам на срце кога некој го боли стапот дали Лугола до петок ќе има маички, постери, флаери, прирачници итн. И што е најлошо од се, веројатно очекувам дека сме премногу сериозна група која знае да се раководи сама по себе, без тој кој го започна сето ова, затоа што тој не е претседател, тој е координатор и член исто како и сите други членови. Не очекувам да се откажат сите приватни обврски, баби, жаби, правење ајвар, стрижење и фризирање, дркање итн како што јас тоа го правев минатите 6-8 сесии кога можев да го завршам факултетот или да напишам некој многу корисен софтвер, за што верувајте ми е многу повеќе задоволство отколку да бидам на состаноци какви што станале последните на Лугола. Ако сето тоа постои тогаш веројатно и не сме спремни да бидеме ГРУПА. Затоа што ние и не сме ГРУПА. Ние веројатно сме КООРДИНАТОР. И тоа е лошо… кој сака да продолжи да ја координира групата во идните неколку месеци, нека повели. Нека ми прати порака по е-пошта или телефон. Само знајте, ако тоа го прифатите, прифаќате една голема мисија врз себе. Во Битола нема повеќе кој да се грижи за настаните што треба да се случат од Лугола, нема кој да се грижи за состаноците и да ги свика и одржи кога јас не сум во Битола..во неделата во Битола немаше состанок, и тоа е СТРАШНО! Страшно е што мора секогаш јас да го закажам состанокот и јас да ги бркам по мобилни и телефони како јас да зависам од некој ако не дојде или дојде на состанок. Денес имаме состанок и ова ќе го соопштам на 4-5душите што останаа да каснат по 45мин. на состаноци. Ова ќе го сфатам како мој личен и ничиј друг неуспех! Ако успееме после ова, тогаш веројатно ќе нѐ биде.
Коментарите се затворени. Дикусија на листа на „Слободен софтвер Македонија“.
Објавено на денешен ден:
- Qt Упатства, III дел - 2005
- Like the demon's eyes! - 2005






[...] Речено сторено. [...]