Пророштвата
Абе гледате А1 ? Се распаѓа
Им заминаа сите новинари, па сега вести водат тие од другите редакции. Некој си типац кој водел Фарма претходно сега води утрински вести, оној Александар од Idol води исто некои вести, таа типката што го направи оној затворот…„Тоа сум јас“ води главни вести. А1 се распаѓа! Муахаха.
Некаде околу Мај имаше еден караван каде снимаа филм за Mainstream медиумите во Македонија. Ме прашаа кој медиум можам да го посочам (за контекстот на муабетот). Кажав „А1, лидерот. Лидерот на корупцијата, лидерот на кажувањето лаги, лидерот на комерцијата и политиката!“ (на англиски, филмот треба да го ставиме на Youtube). И ете сега гледаме благ распад во најповлијаената телевизија во нашиот етер, А1 bye bye. Да се надеваме дека А1 нема да пропадне, после како ќе се фрлаат младите во бунари од телетабисовите побуди? Не, да не се надеваме дека А1 ќе пропадне туку дека ќе се свести дека пропаѓа и навреме ќе реагира со тоа што ќе стане навистина квалитетен медиум кој повеќе ќе се грижи за тоа што граѓаните сакаат да го чујат и видат отколку како да го изрекламираат Тузот и Време.
А овој…ќелавиот земјоделец што ќе го искоренуваше криминалот…каде е сега тој? Го видоа ли граѓаните уште еднаш по изборите? Фала Богу не…






dabe,,,,