Потсетување пред изборен молк
Почитувани Македонци, Албанци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми и други напатени души што живеат под ова небо што се вика Македонија и уште многу други прекари.
Ова е последната опомена до сите Вас, кои имате 18+ години. Во недела се изборите. Не излегувајте на избори. Не им давајте легитимитет на политичарите да нѐ лажат и крадат на секој можен начин. Покажете интелигенција. Не бидете закрепостени надевајќи се дека некој кој реално го боли стапот за Вас ќе Ви ги реши проблемите. Политиката е зло, и тоа зло може да се искорени само ако им покажеме дека нешто во нашата глупава, грда и од сите страни спотерана земја не е во ред. Што не е во ред? Политичарите кои ВИЕ ги ставате на тие места за потоа да ги пцуете и карате. Навистина, после 1ви јуни нема каење, без разлика кој ќе победи и без разлика за кого ќе гласате, со самото излегување на избор Вашиот глас ќе помогне изборите да се прогласат за успешни со над 50% излезеност од гласачите.
Уште еднаш Ве потсетувам, ако излезете на избори, тогаш сте најголемата ОВЦА за стрижење што постои некогаш и некаде. Не велам дека избори не треба да постојат, не велам дека демократијата не треба да постои и победува (иако кај нас такво нешто нема да има во следните 20г.), само велам дека на ОВИЕ избори, покажете дека политичарите треба навистина да седнат и да сработат нешто за на следните избори нѐ натераат да излеземе и да гласаме.
Во недела, на 1ви јуни, нека Ви биде само уште еден неработен ден во кој ќе се спремате за следниот работен ден. Нема да се случува ништо посебно, нема избори … нема избори … нема избори!
Објавено на денешен ден:
- Случајот на Даница - 2007
- Концерт на млада надеж - 2007






Грешка си друже,
Ако седат дома и не реагираат на сите дебилни работи кои се случуваат и се прифаќаат со највисок конформизам, ТОГАШ ке бидат овца за стрижење.
Треба да се излезе, големиот одзив на гласачите ке биде повик дека работите мора да почнат да се менуваат.
Мразам кога некој неписмен смрдеж ке застане и ке ме убедува како работите тргнале, како се менуваат кога ги чувствувам истите срања од предходно.
Да, многу мислеа така и сега десетина имаат шрапнели, рани, скршеници, а некој од нив и загинаа. Супер теорија.
Да, сеа кажи им фала на учките. Како и неписмените политичари и овие не закопаа за некоја декада.