Патување
Вчера 6-7 души бевме во Скопје, демек на саем.
Во возот на одење беше весело. Стигнавме таму и веднаш на саем. Саемот како саем. Катастрофа. Секоја година исто с*ње и иста музика, низ исти фрактали на огромните проектори во халите. Штандовите ептен изретчени. Пола од халата зафаќаше Neocom. И мојата слаба точка.
Откако отидов и прашав за изнајмување на проектори и бимови во _една фирма_ и по цената која фигурираше од 500-600e така „под стрес“ отидов кај Neocom. Моите омилени, поради тоа што ретко која фирма во Македонија се залага за слободниот софтвер и негова имплементација. Па така јас весел и среќен одам и му кажувам:
- Добар ден, Неоком е претставник на SuSE Linux, нели?
- Да.
- Што може да ми понудите од таа област?
- Па на саемов немаме ништо од тоа..
- Имам информации дека во Битола на корисниците на Linux не им се исполнети барањата да на нов компјутер има SuSE Linux.
- Не знам…јавете се в канцеларија.
- Во ред. Фала пријатно…
Потоа, случајно или не, можеби јас не забележав претходно, но на нивниот штанд забележав екран за најавување во „United Linux“, дозвола за разгледување на системот не му беше дадена на Баже кој сакаше им постави прашање зошто воопшто стои таму таков систем.
Потоа се движиме кај бугарите, ПолиПроект или така нешто се работи за ПолиПроект како претставници на GenSoft од Бугарија. Невидено глупав презентер или вработен, пријде кон мене и го обележа целото патување во Скопје. Имаа пуштено апликација за финансово материјална обработка на податоци. Им го предложив следново:
- Зошто не направите верзија за Linux базирани системи?
- Еми така-че постојат..(продолжувам на македонски) различни Linux дистрибуции и треба за сите нив да се прави посебно. RedHat, Fedora, Mandrake…
- [зачуден од глупавиот аргумент] Тоа не е вистина. Направете верзија само за RedHat и тоа би било идеално за сите останати дистрибуции.
- Не може така. Мора да постои верзија за секоја дистрибуција различно.
- Сржта е една..
- Не е така.
- Дајте ја OpenSource.
- [бугарски] Ами от какво ште живеем ние?
- Од администрирање.
- Аххахах
- Добре, мерси. Чао.
- Чао.
Типот носеше капа како логото на RedHat само портокалова по боја и многу монотоно изгледаа. Покрај тоа, го даде најглупавиот аргумент досега што го имам слушнато како оправдување зошто некој софтвер го нема за Linux базирани системи.
Врз touchscreen-от на Neocom испишав - Lugola - USE LINUX! - www.lugola.net - Bitola
Скопскиот саем беше руина!






> - [бугарски] Ами от какво ште живеем ние?
> - Од администрирање.
И ти глупости си му зборел на човекот. Не се вика администрирање се вика одржување и дополнување на програмата, додавање нови и редефинирање на старите опции…
А и плус многу мал дел од програмите се за широка потрошувачка и мање више не е битно дали се опен сорс или не. Програмите треба да се слободни за тој што ги користи, за клиентот (ако е доволно паметен и моќен да го побара тоа).
А ние треба да се бориме развојните платформи(оперативните системи, компајлерите, ИДЕ околините, платформите на кои работат програмите) да бидат слободни за да можеме да ги научиме и слободно правиме програми за нив.
Абе море, на ова „Имам информации дека во Битола на корисниците на Linux не им се исполнети барањата да на нов компјутер има SuSE Linux.“ што сакаш да ти одговорат ебате?
SuSE-то се плаќа а ако купиш компјутер од Неоком и нејќеш Виндоус на него тогаш ќе го добиеш со инсталиран Кнопикс, така барем прават во Скопје.
За Глиша: муабетот беше спонтан. Администрирање=одржување, зависи како го сфаќаш.
“А и плус многу мал дел од програмите се за широка потрошувачка и мање више не е битно дали се опен сорс или не. Програмите треба да се слободни за тој што ги користи, за клиентот (ако е доволно паметен и моќен да го побара тоа)”.
Ако сакаш ќе направиме вака, јас ќе се борам да програмите за мал пазар да станат слободни, а ти бори се големите проекти да ги направиш слободни (зборувам за Adobe, Macromedia и сл.).
А ние треба да се бориме развојните платформи(оперативните системи, компајлерите, ИДЕ околините, платформите на кои работат програмите) да бидат слободни за да можеме да ги научиме и слободно правиме програми за нив.
Да, јас се борам да оперативните системи станат слободни. Човекот со кого разговарав беше глупав, мисли дека сите дистрибуции на GNU/Linux впрочем се различни верзии и различни системи за кои треба посебно да се прави верзија за нивниот софтвер.
Единствено што беше глупаво тука е твојата констатација дека јас сум зборувал глупости.
За Уфо:
http://en.opensuse.org/Welcome_to_openSUSE.org
Поздрав
> Ако сакаш ќе направиме вака, јас ќе се борам да програмите за мал пазар да станат слободни, а ти
> бори се големите проекти да ги направиш слободни (зборувам за Adobe, Macromedia и сл.).
Епа јас не зборев за Адобе и Макромедија… мање више гајле ми е за нив… јас зборев за Линукс, Апачи, Томкет, Пхп, питон, Мајескуел… Тие се веќе слободни, за јава може да се бориме.
Што е битно дали некоја фирма прави ваков или онаква програма за финансово работење, кога јас ја имам слободата и слободни развојни алатки да направам друга која ќе и конкурира.
> http://en.opensuse.org/Welcome_to_openSUSE.org
Зашто би ги прашувал Неоком за ова? (http://en.opensuse.org/Download)
И зашто купуваш компјутери од Неоком ако нејќат да ти ги задоволат барањата - да инсталираат Сузе на нив? Анхоч се подобри пет пати ако више сакаш нов компјутер да купиш.
Peace.
По принцип мразам програмери шо програмираат за пари. Тоа е како Мартин Вучиќ што оди кај тато и му вика да му плати песна. Таму нема креативност. Разбирам дека програмерите мора да живеат од нешто и ретко кој ја разбира целата филозофија на заработување преку слободен софтвер, па и ретко кој има мадиња да ја имплементира. Сите викаме „нема пари од тоа“, а никој не почнува нешто за да има пари.
Тоа е тоа што ме испровоцира. Програмери од ранкот на типот со кој зборував впрочем се тие што на обичниот корисник може да му го сменат целото мислење зад кое воопшто нема филозофија и уметност. По ден два од едно задничко мислење на двата ќе добиеш две сосема различни, а исто лоши за слободниот софтвер, мислења што ќе произведат експоненцијално повеќе такви штетници што знаат само да тролаат.
Бугариве од FLOSS заедницата во Софија/Бугарија општо/ треба да им објаснат на таквите фирми некои работи. Или пак веќе кренале раце со справување со кретени, како ние што кренавме
Не знам баш за Анхоч, Анхоч нудат системи само со лиценциран Виндоус икспе, додека Неоком нудат со Виндоус и со Линукс (Кнопикс конкретно за бесплатно или Сусе за со пари).
море све треба да се пријави и да се спали