Нешто наједноставно
Си го гледав блогот на Bi, се запознавав со нејзините содржини, и едно време од страна гледам врска до блогот на „Малечка“. Прво си реков дека тоа е некоја повозрасна госпоѓа/госпоѓица која се чувствува младо па праќа такви постови. После во текот на сурфањето се уверив дека се работи за госпоѓица но навистина малечко дете (девојче) кое блогира на нашата блогосфера. Сега ќе речете дека има и други деца кои блогираат кои јас не ги знам, но јас кај Елена (поправете ме ако го грешам името), најдов толку многу детска невиност и едноставност што дури и морници ме полазаа. Земете содржини од мојот блог и споредете ги со овој пост, странците викаат masterpiece!!
Елена, ако го прочиташ ова…ти мавкам!

П.С.
Ако веќе го продлабочиме муабетов во духот на детството мора да го споменам легендарниот наш мал Стојанче. Денеска има учество во работилниците на „Сподели знаење“, типичен детски хакер! Браво за него и за неговиот ентузијазам и слатко чувство на детска амбиција што го шири меѓу нас. Ќе го биде страшно момче!






Не јадат новиве генерации упм… Замисли на твоја возраст коа ќе дое колку ќе биде попаметна и поискусна од ти шо си сеа.