Нешто за поштенските клиенти
Користам клиент за е-пошта кој ми симнува пораки на компјутерот. Попрегледно ми е така. Сите адреси што ги имам насочуваат кон една на GMail па кога KMail бери пошта, ги бери практично од сите пошти. Иако KMail на моменти е преобемен (како и цело KDE со алатниците и менијата) и иако во KDE е преведен КПошта (тапа! нејсе можам да го сменам) сепак е најбрз и најдобар за моите потреби. Секојдневно откривам по некои нови работи кои ме импресионираат. Она што не ми се допаѓа е справувањето со Адресите и адресарите, што впрочем го брка KAddressBook. Ако имате замена за ваков тип апликација, ве молам понудете. Фактички целиот Kontact е прекрасен спој на апликации кои може да заменат некои скапи groupware пакети. Единствено Thunderbird подобар е во делот на подесување на филтрите за спам. Ама пошто одам преку GMail тоа и не ми е потребно. Плус Topshop ги пријавив како спам бидејќи почнаа на сите пошти да ми стигаат пораки од нив.
Thunderbird пак од друга страна е подобар кога станува збор за корисност (usability?), теми, распространетост (се користи масовно!) итн. Кога би нашол можност да ја мигрирам собраната пошта од KMail во Thunderbird, можеби ќе можам целосно да ја користам оваа XUL/Gtk апликација. Но и тогаш ќе ми недостигаат некои мали трикчиња од KMail.
Совет 1: Тукушто открив една прекрасна можност на KMail, која ме инсприра првично да го напишам постов. Кога читате пошта, селектирајте го делот за кој сакате да реплицирате. Кликнете Reply, само тој дел оди во пораката.
Совет 2: Стиснете M. Ќе се појави дијалог кој ќе ве праша каде сакате да ја преместите тековно отворената порака.
И уште нешто. Кој друг користи KMail освен Новица и Дамјан? Се надевам не има повеќе од нашава заедница. Во светот речиси сите (в)љубеници на KDE користат Kontcat/KMail. Па KDE зилотиња како мене не може друго да користи!
Кратко но слатко. Кафето е лудница!
Објавено на денешен ден:
- Last.fm група за Лугола - 2007





