Независност: ОДМА
Имајќи ги во предвид последните збиднувања во врска со само-прогласувањето на независност на Косово, а знаејќи во каква беда живеат нашите браќа и сестри во Тибет, Чеченија, Флојдија и Тајван, од властите на надлежните внатрешни и меѓународни институции бараме разгледување на можноста за усвојување резолуција со која на наведените обесправени земји би им биле дадени права кои им се загарантирани со устав и меѓународно право. Во Република Македонија, под ХИТНО бараме разгледување на можноста за признавање на нашата мала суверена држава Република Флојдија, како меѓународно призната држава со свои обележја и институции за сите граѓани кои живеат во неа. Тоа го сторија и во Рим кога на Ватикан им дадоа статус на град-држава, тоа го сторија вчера и на Косово кога покраината со шест градови се самопрогласи за независна држава, зошто да не може да се направи и во овој дел од Македонија каде народот кој живее на оваа историска територија се произјаснил за независност од својот заобиколен сосед, Република Македонија?
Обесправени од сите непризнати земји во светот: ОБЕДИНЕТЕ СЕ!
Статусот на соба-држава во нашиот случај би можел да биде привремено решение за идната автономност на РФ.





