Навикнав да излегувам со папучи в град
Уште кога имав 8 години како мал си играв на уличка по местрии, влечки, како сакате. Во зима често излегував со папучите, се додека не се наполнеа со снег и бев приморан да ги сменам. Минуваа годините, а пустата навика да шетам по улица со местрии никако да ја тргнам. Сепак, навикнав да излегувам во центарот и по кафулињата со папучи и местрии и еднотсавно нема жива сила што може да ме натера да ги сменам.
Носењето папучи ми претставува особенооо задоволство. Сега кога имам и девојка и сум на добар пат да станам фамилијарен човек, навистина ми прилегаат. Но девојката се лути, „не ме срами пред луѓето со тие глупави местрии“, вели, „местрии за во двор, папучи за дома, обувки за во град“, вели. Јас се чудам, како може таа да ми кажува што да носам, се навикнав да бидам селанец и тоа е тоа. Не можам да се одвикнам. Можеби за таа моја навика се виновни старите ефтини нелегални брендови што постоеја одамна, но јас ли сум крив за тоа?
Вчера девојката ми се скара. Вели „прав сељак си со тие твои местрии“. Но што ако, и да сум сељак, секој прав сељак шета со влечки, зошто да не и јас. И што да правам кога се навикнав да шетам со папучи во град? Сеедно, ги поддржувам тие што носат обувки и патики, правите прекрасна работа!
P.S. 10 души ме прашаа дали сум се скарал со девојката, дали вистина излегувам во град со папучи, дали вистина сум папучар. Проклетсво! Мора да кажам тоа најмногу го мразам: директно на темата, значи сакав да потенцирам дека навиките се минлива работа и треба да се менуваат, не треба заради навиките да трпиме самите ние. Ај сиктер..






Па коа си папучар како поинаку моеш да излегуваш во град?
Само не ми е јасно зошто девојка ти се лути, од женска гледна
точка напротив би требало да и импонира што си папучар, тоа би значело
дека си husband material.
Везе нема муабетот со „папучар-непапучар“.
Типот за кој пишував не е јас.
anywayz, again:
„P.S. 10 души ме прашаа дали сум се скарал со девојката, дали вистина излегувам во град со папучи, дали вистина сум папучар. Проклетсво! Мора да кажам тоа најмногу го мразам: директно на темата, значи сакав да потенцирам дека навиките се минлива работа и треба да се менуваат, не треба заради навиките да трпиме самите ние. Ај сиктер..“