Мт.не!.мк, се сеќавате?
Имав колумна на стариот блог (Мамбо ЦМС-от се зезна и цела база си направи DROP), истата беше објавена на Багра. Таму кажав да не избирате Мт.Нет услуги. Е сега добро е што вака испадна за да се покаже бунтовноста на македонците. Пуф! Чиста глупост, како Мт.Нет да ги интересира дали 1000 корисници од цела Македонија ќе се откажат од своите АДСЛ врски. Верувајте ич не ги интересира. Зборував со еден вработен во МтНет, вика дека тој на први пак ќе земи 47.000 плата, па го боли дали јас ќе се откажам од АДСЛ врската. Дента кога излезе огласот во Дневник (или следниот), 080012345 беше блокиран буквално. Тие што работат таму НЕ се профи-админи, туку обични поттрчковци на командите од „горе“. Патем, каде беа Револуциите кога се кренаа цените на телефонскиот импулс? Ај тоа ќе речам дека е монопол (нема друг фиксен оператор), но каде беа Револуциите кога се покачи цената на импулсот на мобилните услуги? Колку од вас се откажаа од МобиМак? Или каде беа Револуционерите кога се потпиша договорот со Мајкрософт. Освен „Слободен софтвер Македонија“ и Лугола, за последното прашање не се јави никој жив во Македонија. Оссм делеше памфлети пред конференции на МС, праќаше известувања до владата, медиумите и слично. Лугола го правеше речиси истото со размер на намалување во сооднос на големината на просторот на кој ЛУГ-от делува, плус посебна емисија на најактуелната битолска телевизија (ТВ ТЕРА) со наслов „Штетноста на договорот помеѓу РМ и МС“…ама тоа е. Ќе не трујат со други глупости допрва, ова не е ништо.
Matrix Revolutions беше досаден како 98 годишна баба,
ќе го гледам Reloaded!
P.S.
Две корисни врски за ГНУ/Линукс корисници поврзани со актуелниот проблем: првата, втората.
Објавено на денешен ден:
- Така правеше тој - 2008
- Вистинска локализација - 2006
- Get the fuck! - 2005





