Мојот збор
Мојот збор е долг. Знам дека колумните се предолги. Но сакам да кажам многу работи. Затоа еве јавно ве прашувам, дали ви смета должината на моите размислувања?
Ова произлегува од тоа што неколкумина добронамерно ми посочиле дека не можат да ги читаат моите текстови бидејќи им се предолги. Зарем?
Објавено на денешен ден:
- Длабината - 2007
- Лугола слакерманија - 2006






Ја не ти ги ни читам текстовите коа се огромни, никој нејќе да чита нешто толку долго, досадно е и има толку многу измешани теми унутра шо глава ќе те заболи ако се заинатиш да го дочиташ и на крај тешко дека ќе дојдеш до некаква поента. Не ти серам ниту па ти викам да престанеш да куцаш огромни текстови, ако веќе го правиш тоа држи се до темата и прочитај го неколку пати текстот пред да го објавиш за да се осигураш дека не идеш премногу цик-цак енд шит.
Ако ги запазиш овие работи ќе го кажеш тоа шо сакаш да го кажеш со многу помали постови. Ова е моето мислење, мислам дека тоа го бараше.
Абе како знаеш какви теми обработуваат текстовите ако не ги читаш и ти се големи? :S
Уствари нема ништо измешано. Се е подредено и во посебни делови од документот. Заклучокот и се друго се држи до темата што е објавена. Тоа што ти е мака да читаш долги текстови е твој проблем
Јас ти ги читам секогаш колумните. Не ме замараат со нивната должина. Единствено нешто кое ми пречи е што понекогаш е тешко да се издвојат „етапите на развој на „дејството““. Значи вовед, разработка и заклучок за лесно читање и тоа како јасно воочливи целини во текстот.
Не ми се допаѓаат приказните (во целост, не зборам за заклучок, тема или сл.), мене не ми се допаѓаат, ја така мислам, тоа го бараше со постов да ги прочиташ другите мислења за твоите постови. Епа толку, шо сеа, не ме убедувај дека имаат добри поенти и заклучокот дека им е на место.
Уфо: ок, фала на мислење, јас само прашав како може да знаеш што пишува во колумните кога не ги читаш, како што кажа
Абе тебе не т се допаѓаат оти објективно критизирам…
Just kidding
Ја коа ќе видам твој огромен пост го скокам па идам на помалото, и ако има време ќе земам да читам. На пр. оној „Длабината“. Дури сег го прочитав!