Мол
Големо извинување за сензацијата што ја предизвикувам помеѓу моите блиски. Една лична реализација која ја имам периодов. Како е можно тоа сите музичари да креираат музика кога им е тешко? Не е можно! Креираат музика која совршено опишува некоја ситуација, но појма немаат од вистинското чувство на празнина и осаменост! Кои фаци ли се тие што покрај целата мака и тежина на животов создаваат толку тажни акорди и молски навлегуваат во психата на слушателот? Ако го чувствуваат судот на психата, нема да може да мрднат од кревет, а камо ли да создаваат.
Што убав е животот. Само кога не е убав, не е. Не можеш да смениш ништо.
Beep!
Објавено на денешен ден:
- Земете пушки патроли - 2005






Не се сложувам. Јас мислам дека кога чувството на празнина и тага надвладува и кога се таложи негативната енергија, единствен начин да се ослободиш или истушиш е преку креацијата, преку создавањето на нешто - за некој создавање на нешто лошо, а за други пак создавање на нешто добро, позитивно… За да создадеш уметничко дело треба или да си пресреќен (што е малку веројатно во вистинскиот живот, а и кога би бил навистина среќен не е веројатно дека ќе содаваш и ќе си ја нарушуваш совршеноста на среќата) или пак да бидеш навистина тажен… Животот е убав - само ако можеш да ја најдеш убавината во него; зезнато е само тоа што скоро никогаш не излегува онака како што си намислил.
Тоа шо си ја открил разликата измеѓу дур и мол ич не ти дава право да истресуваш вакви зелени на виделина. На кратко вака “миксолидиски” да те потсетам.
поздрав
атомик
Павле: да, само поентата ми беше друга. Јас разбирам ти да создадеш нешто кога ти е тешко преку тоа што ти ќе ја насочиш целата енергија кон креација, но не можам да сфатам како е можно да се прејде на акција за да се создаде тоа (нештото). Тоа беше збунката…
Дарко: јас разликата меѓу мол и дур ја знаам одамна, не треба да се експонирам со хевиметал wannabe бендови по скопските кафулиња за да знаам што е мол а што дур, па и нешто повеќе. Верувај не си сфатил шо сакав да кажам,
live long & prosper!
Да, тешко е да преминеш од очајание во состојба кога си подготвен за акција - ама таа транзиција секогаш доаѓа…
Поздрав!
Пак зелена, де бре да ја ебам…али да не биде ко мали деца, нека ти биде.
dabe….
malku taman vi e….
temate….