Мобилен живот
Откако го купив Thinkpad-от станав сериозен случај на личност загрозена со постојано користење на GNU/Linux и Интернет поради неколку причини. Главната причина е мобилноста. Да, и пред тоа користев исклучиво GNU/Linux, но откако го купив лаптопот многумина забележаа дека речиси секаде каде што одам, го носам поради…зависност. Забележува девојката, моите…па на крајот и која е поентата на преносните компјутери ако седат дома? Забележав дека десктоп машината крена раце од мене. Нешто не е како што треба. Среќа се префрлив на лаптопот пред тоа и сите податоци ми се безбедни. Се разбира, десктоп компјутерот има проблеми со горештиниве и напојувањето, па со „мобилизацијата“ ми се намалија нервите кои ги добивав од влечкањето на куќиштето по сервиси и сл.
За тоа колку се користат преносните компјутери во светот говори следнава статија (ова звучеше како да најавува оној типот од „Аграр“ некој прилог), која вели дека до 2010 се очекува пресврт. Вели, само силно привразаните старо-сколаши ќе сакаат да користат десктоп компјутери. Следува ерата на лаптоп машините.
На Thinkpad-ов користам Arch Linux, прекрасна дистрибуција со која имав неколку проблеми додека сфатам што к* бара ‘acroread’ на системот.. тоа го сварив некако (се разбира, го избришав acroread) и додека подесам правилно Suspend2 со помош на Дамјан. Сега се работи како што треба. Сакам да напишам детален преглед и начин на конфигурирање на хардверските компоненти кои ги има машинава за на Вики… тоа е тоа, што знам. Мобилноста е прекрасна работа, се ми е полесно вака ![]()
Објавено на денешен ден:
- Linus pwnz! - 2008
- Што прави ренесанса? - 2006






Честито нов лаптоп. Добра машинка :-). Дали можеш да ми кажеш колку го купи и од каде. Чисто онака за споредба со цената тука во US&A. Планирам и јас да си земам еден thinkpad, меѓутоа не сум разговарал досега со некој што има thinkpad, па да направиш еден мал ревју ако не ти е тешто. Однос цена перформанси квалитет во однос на конкурентите.
Поздрав.