Милчо Манчевски за интелектуалната сопственост
Премногу спиев сабајлево. Стомакот веднаш ме стегна. Одам така во веце и гледам таму послан Форум, најнов број. Интервју има Милчо Манчевски. Добро утро господине, добро нека е, вели. Тоа што Форум го издвојува како најзначајно од интервјуто е „Интелектуалната и креативната сопственост не можат да се купат со пари!“ веднаш под сликата на филм маестрото.
Не можам да пристапам до дигиталната верзија на ова интервју, значи ќе напишам уште еден блогпост покасно за него, но она што отпосле го најдов како резултат на мојата потрага по мислење на ММ за креативноста и интелектуалната сопственост е едно друго интервју од јануари, годинава, издадено во Дневник (01.06.2007), вели:
Имав чест и француски критичар да ми каже дека филмот (мислеше на „Пред дождот“) ми е добар, ама не е „доволно источноевропски“ (веројатно сакал филм што се сожалува себе и што е технички на работ на исправноста - полесно е кон такви филмови да се чувствуваш супериорен ако си француски критичар). Ете, тој е експерт за тоа што е доволно источноевропско. И ич не е расист. Да не зборувам за честа што ја имав директорот на дистрибуција (значи, главниот трговец - не е дури ни продуцент) на „Твенти сенч’ри фокс“ да ми кажува како да ги изменам почетокот и крајот на филмот што го режирам за полесно да го продаде. Во политичкиот и корпорациски универзум концептот на интелектуална сопственост е нешто што може да се купи или одземе. Јас сум од старата школа, каде што делото е како дете - детето ниту се продава ниту се проституира. Чепнеш ли - ти следува бокс во чело - вели Манчевски.
Ми се допаѓа некако ова, ама и таа стара школа не беше баш којзнае колку красива.
Објавено на денешен ден:
- Piratebay тужи! yeah!! - 2008






Каква е таа „интелектиална“ сопственост? Битолска некоја.
Фала!
Аман! Жити се шо му е на овој Новица??? >(
Се заебаваше де, имав грешка во насловот, наместо „интелектуална“ сум пишал „интелектиална“
ништо страшно