Ме боли грбот
Лево од рбетот има една точка која цела недела ме боли. Погодете од што?
Епа сите се жалат од рбетни болки, спондилоза и слично и упорно седат пред компјутер.
Оваа недела е навистина сочна. Вчера презентацијата во Климент беше лудници. Имаше малишани и малишанки (повеќе имаше девојчиња), кои се заинтересираа за Линукс. Кога Виктор рече „Ај да видите како се играат игри под Линукс!“ како рој од мравки се насобраа околу Виктор. Сликавме 15тина слики и се надевам да ги добијам денес/утре па да ги објавам
Инаку утре имаме презентација во Техничко училиште. Благодарност до: проф. Мирко од ЕМУЦ-от во Битола, професорот по Информатика во Климент Охридски, професорот по Информатика во Елпида Караманди и Оливер од Биротех. Сите на овој или оној начин помогнаа и придонесоа за развој на групата и свеста за ГНУ/Линукс кај младината. Се надевам уште од мали ќе почнат да „баратаат“ со Линукс базирани системи и општо со слободен софтвер па еден ден и тие ќе држат презентации. Прекрасно е кога создаваш, а не кога рушиш. Така јас оваа недела создадов многу. Поздрав до сите членови на Лугола кои кажаа „БРАВО“ за презентацијата, поздрав до Симона која ме поддржува секогаш и секогаш вика „БРАВО!“ и поздрав до моите кои никогаш не забораваат да кажат дека се гордеат со моите активности и ми велат „БРАВО!“. Тоа мало БРАВО значи многу. А од мене, Браво за сите кои не Ни велат Браво!
Благодарам
Објавено на денешен ден:
- Шест, седум, осум, погоди кој сум - 2007
- Саем, 11/07 - 2007





