Матура - свадбите на децата
Младите се испоженија и испомажија. Македонија е сиромашна земја. Пука сиромаштија. Кој е сиромав е сиромав, ама па кој е богат, тогаш навистина е богат! Кој за Велигден си седи дома, кој во Битола на широк сокак прикажува како на најновиот модел Nokia што го купил пред два дена му стигнал спам од 100 пораки. Иако тоа е невозможно, трикот е испланиран за да се привлечат очите на „подолната класа“ во неговиот нов телефон. Во новото одело на комшијата, во новата штикла на пуфлицата која живее под вашиот стан.
Децата почнаа да се пеглаат со нови керамички преси кои ги купуваат од Германија, Швајцарија, Јапонија…Илиенци…одат на одмор и како спомен си купуваат преса/пегла. Пред излегување се пеглаат, без разлика дали косата оди надолу или нагоре. По излегување ја користат приликата на секој автомобил, врз неговото стакло, да видат дали предниот прамен им се тргнал или десната задна џигерица им ја дувнал типот кој со 200км/ч помина пред Епинал.
Децава полудеа. Купуваат одела од 1000 евра, чевли од 600 евра, штикли од 300 евра…облекуваат бели здолништа и фустани со обрачи и личат на невести. Машките личат на закачалка за во гардероб. Мама и тато немаат пари, ама ќе им позајмат на чичо и тетин па јас ќе си купам светликав лосион за мојата тазе избричана брада. Ден два пред официјалната прослава на матурата, се бери целата фамилија во кафеана. Се вика музика и се прави Свадба. Роднината од Грција се качува на столот и фрла евра и чинии играјќи Сиртаки.
Потоа одат на прославата. Сета миризба, сета облека, сета шминка, сето пеглање и илјадниците евра, се губат во невидливата атмосфера на пијанство, пот, цигари и дрога.
Македонија е моќна земја. Има Gay младина. Тоа е новитетот од теренот.






Ти си геј.
Младината е у општа фрка, лудило. Со ваква младина нема иднина.