Мандрива 2006
Ја тестирав и Мандрива Пауар Пек 2006 (ха!). 7 ЦДиња. Препознавање на харвер 10/10, брзина на инсталација 10/10. Се инсталира за 30 минути. Поддршка за 3Д акселерација, 9/10 (малку fps). Иако Мандрива тежнее кон најдобра десктоп дистрибуција (и слободно може да се каже дека е најдобра), сепак мислам дека има уште работа која мора да се изработи. На пример глувчето кога беше прикачено во УСБ влезот, по екранот се движеше со задоцнување од 1 секунда. Потоа морав да ставам УСБ_2_PS/2 адаптерче и проработи солидно. Исто и мрежата. Се е подесено, се е детектирано, арно ама некој си чуден софтвер што треба да изиграва фајрвол не дозволува комуникација со gateway-от
Се останато функционира добро. Само 2-3 падови на некои апликации (КДЕ) и ништо повеќе. Тоа што овие апликации паѓаат, веројатно се должи на лошите билдови на Мандрива. Активирањето на целиот систем мислам дека е значително временски побрзо. Следна дистрибуција што ќе ја тестирам е SuSE 10.0. И Кубунту веројатно.
Објавено на денешен ден:
- Ѕе, ѕе - 2007






Abe mandriva e zakon!