Малку off topic
Вчера чекав роденден и беше прекрасно. Случајно едни девојчиња (другарки мои кои ги запознав преку мојата девојка) ми донесоа мало крокодиче кое уште веднаш ми заличи на Konqui, иако Konqui e змеј (кој личи на кроко), па го крстив Конки.
За роденденот добив и шал, антички свечнаќ од Англија, Шримад Бхагаватам, касичка за пари, „Автосперски водич низ галаксијата“ сите делови, The Beach (филмот), ланец со месечината, маска во форма на глава од слон, држач за етерично масло кој стои врз слон, плоча со ликот на Шри Буда (jaya), и многу многу љубов од многу прекрасни луѓе кои ги обожавам. Многу сум среќен кога добивам подароци, морав да споделам со вас ![]()
Објавено на денешен ден:
- Ok, топ5 - 2007
- Мир - е пораката! - 2006
- А у јутро кад народњаци доџу - 2005
- Линукс мултимедијално студио - 2005





