Мала промена
Две работи се вртеа во мојата глава.
Првата е (поделена на две):
- Почнав да користам стандардно Konqueror за сите потреби што ги имам од прелистување, било за датотеки или веб страни. Има мали проблеми со Web 2 страните, но сепак е побрз и подобро вклопен во Kubuntu. Најголем проблем засега ми е тоа што WYSIWYG уредувачот во Wordpress во Konqi не работи. Фајрфокс често ми јади многу меморија, се пушта бавно (иако на GNOME базирани дистрибуции пуштањето е нежно и глатко), и со Beryl ми прави несакани ситуации;
- Почнав да користам Beryl со Aquamarine, за да можам да користам KWin како декорација за прозорците. Така сега имам Beryl со минимални функции. На пример, ги тргнав тресењата на прозорците, сосема непотребно, не ги користам визуелизациите од типот горење на прозорец, beamlight и сл.
Втората е: Зошто зедов хелиум наместо кислород!!??






Ваљда затоа што хелиум е инертен гас, што значи и безопасен, а кислород е многу активен гас и прилично заебан ако го земеш.
Појма немаш што сакав да кажам
Цццц. го цитираше претседателот на САД од филмот Hot Shots II дел ко ке одат во напад на Садам Хусеин, ке нуркаат под вода
Exactly!!