Линукс? Како е можно ???
Симона мигрира 100% на Линукс. Гледа филмови, слуша музика, ова она…Симона ја сака слободата. И ме сака мене. Можи затоа, ама без разлика, сега користи Kubuntu Dapper. Симона и кажа на другарка и дека користи Линукс. Реакцијата беше „Како е можно?!? Нели ти е тежок?“. Потоа на дечкото на другарка и, реакцијата беше „Оуф…то е тешко, како си можела…“. Работата е повеќе од мит. Можеби треба да се удри на кампања на тоа дека GNU/Linux oткако последно го пробале корисниците се има сменато драстично…сега се е лесно, и како што вика Симона, „поинтересно и пошарено“.
Драги дечиња. GNU/Linux не е тежок за работа. Напротив, е вистинско искуство. Научете да бидете слободни. Научете да користите слободен софтвер исто како што користите читајќи ги овие зборови. И тоа е слободен софтвер, а воопшто не е тежок, нели?





