Лејн
Арнолд Лејн бил тип од Лондон кој бил cross-dresser (превод?). Имал лоша навика, секогаш од жиците за сушење на дамски долен веш да чорка по еден дел. Гаќи, градник или што знам што. Strange Hobby, нели? Завчера вечер во Deep зборувавме за Pink Floyd. Низ дискусијата ме обзеде пак чувството на инфериорност кон овој култ изграден од најгенијалниот бенд на сите времиња, по што ми се претстави реализацијата дека не постои бендот Floyd, тоа е Pink Floyd. Тоа не е психоделичен рок од 60тите па наваму, тоа е Floyd. Ние сите сме Pink Floyd бидејќи ние сите може да ја имаме ситуацијата сервирана преку нашето сетило за слух со само еден разложен акорд на момците за кои зборувам. Значи може да преминеме кон суптилното разбирање на Floyd како феномен во мојот живот. Ние сите сме Pink Floyd и сите сме Barrett. Она што нема да ми се оствари е да ги видам во живо, или тешко верувам. Па и кога би ги видел би осеќал чувство на празнина поради фактот што форсаторот на бендот е заминат. Оставам резерва, а на опусот што ни е оставен му оддавам понизна почит со надеж за комплетирање на оригиналите од целата нивна дискографија. Како завршен збор ќе вметнам една строфа од мојата омилена (засега) песна компонирана од „лудиот дијамант“: Jupiter and Saturn Oberon, Miranda, Titania, Neptune titan stars can frighten Blinding signs flat flicka flicka flicka blam pow Извинете што пак тупам со Floyd. Нема да престанам!






Многу ги слушав Pink Floyd и особено Syd Barrett и затоа многу ми е драго кога ќе видам некој ваков текст.
Интересно е сега како сите информации се досапни преку интернет. Порано имав некоја десета копија на текстовите од Pink Floyd рачно искуцана од некој непознат јунак на обична машина за пишување, па дел од работите воопшто и не се читаа, но бев пресреќен што ја имам и што можам со неа подобро да навлезам во песните, бидејќи и снимките на касета не ми беа нешто посебно квалитетни.
И не престанувај, го делам твоето чуство за Floyd.
Супер, знам дека има полно фанови на Флојд out there, ама ретко кој ја сфаќа вистинската големина на бендот. Пак, бенд? Не знам, тоа може да биде цел начин на живот
поздрав
Хехе, ме насмеа со постов. Особено делот дека „осеќаш чувство“. :p
Јеби га, Битолска работа