Кратко резиме
Од сите дискусии, презентации и „тркалезни маси“
што се случија на Yaxwe минатиот викенд во Пула, тешко да може да се донесе универзален заклучок кој ќе опфати се што беше опфатено таму. Од гледна точка на учесник на настанот најпрво беше организиран на ниво на конференции кои се случуваат секојдневно во светот. Додека Мајкрософт ја има Универзална сала за Визија и слични срања, во Пула го имавме Hacklab и MetaMedia просторот, вклучувајќи го и The Pirate Cinema, тоа што за гостите на Визија би бил Hollyday Inn и Alexandar Palace за нас беше Хостелот на младоста (или така нешто), а групните оброци што ги имавме во Бистрото (Биска?) беа можноста да се резимира тоа што се случуваше на сабајлешните сесии. Една мала реализација што ја имав таму додека се одвиваше настанот, и за која потоа на мое изненадување читав во 2600 Magazine примерокот што ни го поделија (една статија за сегашната ситуација на заедницата на хакери)…пред 20тина години луѓето се береле на места непознати за јавноста, со маски на очите и референтни имиња. Минатиот викенд не беше таков. Беше отворен за сите. Јавен, без маски, со јавно објавени имиња..па дури и цариниците на Хрватска граница знаеја за тоа дека одиме на хакерска конференција
Го имаме знаењето таму некаде на мрежата, и секој со своите вештини кој сака да ги сподели со другите може слободно да се нарече хакер. Дискусијата пред „Scandal Express“ опфати разговор за тоа дали е попаметно хакерот сам да се претстави како хакер или поголема тежина му дава тоа да другите го чувствуваат како хакер отколку самиот себе. Можеби денес хакерите не се чувстуваат како активисти, некои не сакаат да одат на конференции да споделуваат мислења и познанства, што не ги прави помалку хакери, но едно е сигурно: хакерите се основа и движечка сила за развојот на технологијата денес. Без хакерите и Microsoft нема да биде, ниту linux јадрото ќе добива нови линии код.
Уште еден мал осврт околу програмирањето…забележав дека поискусните програмери како Ака и компанија (хардкор лиспераши :)) кон новите програмери и развивачи на софтвер имаат став како „code inputers“, „code pasters“ итн. итн. Она што мене ме импресионира од тој аспект, е предавањето на Ака за Lisp машините, што го оправдува нивниот став кон горенаведеното.
Патем, бевме и Загреб/во Мама..ќе кажам само дека просторот на ќерката организација на Soros е далеку подобар од тој на ќерката организација во Македонија. Многу битна разлика која треба веројатно сите да ја знаат - оваа организација (мама) или институт, како сакате, практично ја поддржува заедницата на хакери, има простории каде хакерите постојано се берат и организираат споделување на вештини, и во ниту еден момент додека сето тоа го гледате не добивате впечаток дека се работи за бизнис-насочена организација како што, според мојот впечаток, тоа е случајот во Македонија.
Ваљда ќе организираме NSND во Битола, таков е планот…па кречемо Сплиту ка Аке на цугу ![]()





