Концерт на млада надеж
Во Сабота, 2 Јуни, во Музеј галерија - Битола, во 19.00 часот, соло концерт ќе одржи младата надежна и идната (Балаловска) дива Симона Јовчевска
Поканети се сите од Лугола, па јас ќе си ја земам слободата да Ве поканам сите од заедницата да проследите еден прекрасен лирски сопран со коларатурни способности и прекрасен репертоар. Пиано придружба ќе и’ биде Ива Виденовиќ. Ќе биде интересно, ветувам, еве може и Арангел ќе дојде, ако стигне Битола.
Значи, Сабота, 19.00 - во Музејо’! (карши Спортската)
Објавено на денешен ден:
- Потсетување пред изборен молк - 2008
- Случајот на Даница - 2007





