Коза
Козата дава млеко. Јас пијам млеко. Ама кравјо (мораше да има некаква врска со насловот кој ми текна).
Честито син на Владо. Голем да ти расти, не го прави шмеќер како тебе, тежок ќе му е животот со жениве кај нас
И се разбира, многу Linux и за него. Тоа спаѓа во домашно воспитување (ти знаеш повеќе него јас во секој случај).
Инсталирав Kubuntu на /dev/hda5. Не толку имресивно како што делува на прв поглед. Машала Ubuntu nа лаптопот тера како никој систем досега (пишував претходно). Slackware останува my weapon of choice! Имам информации за нови блогови ама се плашам дека ќе ме прогласите за нерелевантен :S
Вчера се договоривме јас С и В да правиме стикери за вегетаријанизам и да ги лепиме по главните месојадни станици во градов. Се повеќе и повеќе никнуваат.
Поздрав од тропската _иако_на_висока_НМВ_Битола;
Објавено на денешен ден:
- Мизар во Битола - 2008






Хмм.. а што е толку лошо во јадењето месо?
Еднаш еден тип изеде гомно. Ништо не му се деси освен малку што поврати од гадење. Ништо лошо не му се деси.
Јадењето месо значи канибализам, да јадиш мртовец, труп кој во распаѓање го готват и јадат.
Тоа е touchy тема, не би навлегувал во детали околу тоа како животните страдаат, и како сите викаат „леле ама е слатко јагненцево“ а никој не го замислува тоа слатко јагне кога го јаде.
Луѓето мислат дека се карнивори за да ги оправдаат своите месојадни квази-потреби. Впрочем луѓето се канибали.
Тоа што го спомнав во постот беше онака нафрлено, не дека сакам да се мешам во нечија слободна волја, но исто и не сакам да ми се мешаат во моето право на избор.
Канибал е човек што јаде човек.
Ја мислам дека ти си бараш нон стоп вакви некои групи на луѓе за да забегуеш заедно со нив у разно разни религии, обичаии и ова еве као се вика (нејадење месо) од шо ти е досадно. Нема везе, едноставно е, човекот јадел месо и ќе јаде месо зашто е здраво, има протеини, најадува итн итн… Во природата постои нешто што се вика синџир на исхрана и тоа е сосема нормално.
Гомна не знам кој јадел ама сигурно не се вкусни ко плескавица од седмица.
Тоа што ти го знаеш за моите _според тебе_ забегувања не треба да го ставаш во јавност бидејќи ти беШЕ кажано во другарски муабет и во ниту еден случај не требаше да го ставаш на јавен блог. Уште да ставиш детали и закон ќе си. Нема како тебе…браво!
Јади месо, тоа не беше целата поента на постот. Ако сакаш да се правдаш преку напад врз мене дека забегувам како лудак, ок, attack on me!