Кога Бог е убиец
Бев и сум разочаран од многу идеи кои ги имав за животот. Пред се повторно ја сфатив празнината на немањето што да се направи кога човек е мртов, готово е, особено толку близок со народот човек како Тоше, а пред се 26г. младич. Тоше го погребаа и што е тука е. Веруваше во Бог и сега велат дека Бог си зеде ангел да седи до него. Ако тоа е одлука на Бог, тогаш Бог не си го зеде Тоше, тој го уби! Го уби на најбрутален начин. Го распарчи. И не само Тоше, со тоа уби уште неколку други луѓе, мајка/татко/сестра му. Каков е тој Бог? Сакам да верувам дека сето ова беше дел од хармоничниот хаос на универзалната енергија во која живееме. Не можеме да се тешиме со тоа дека Бог сакал ангели па му фалеле и си зеде некој таму долу.
Овој пост го пишувам непосредно по вестите на …некоја телевизија, каде го гледав таткото на Ѓорги (или Георги?), кој возеше и кој ја предизвика сообраќајката. Тоа беше дополнително потресно, а најморбидно од се е што сега правниот систем на Македонија или Хрватска треба да го обвини Ѓорги за невнимание при возење и предизвикување на смрт без умисла. Ѓорги можи да лежи од 1-10г. затвор. Би се обидел со ова да го повикам … некого … кој може да повлијае врз ваквата бизарна одлука. Ѓорги доволно е казнет, него целиот живот ќе му биде сив, ненамерно и никако не сакајќи си го уби еден од неговите најдобри другари. Тоа е доволна казна! Зарем треба и да лежи во затвор после сето тоа? Подобро дајте му еутанат! Се случи катастрофа и верувам дека никој (освен можеби блиските на Тоше, за кои одлуката да Ѓ. лежи или не во затвор нема да смени многу) нема да бара и присилува донесување на одлука со која Ѓорги дополнително ќе се казни. Навистина е жално што сето ова повреди над 3 милиони луѓе во светот и сега сите треба да се концентрираме на тоа да го одржиме делото и ликот на Тоше, а на преживеаните да им помогнеме да ги закрпат раните, не да ги полеваме со бигор! Сигурно и Тоше така би сакал!
Доста се вести и песни за и од Тоше, барем засега. Време е да се смириме.
Објавено на денешен ден:
- SIEG, злобни духови! - 2008
- Пцовки и слични безобразни зборчиња - 2006
- Идејата на идеологијата - 2006






Гемиџи, ова што го предлагаш може само според законите на царот Соломон, оној што го глумеше Ѓорѓи Колозов.
Колку и да изгледа бизарно, законот постои за да биде почитуван и спроведен кога треба. Сакаш да кажеш дека треба некој судија да го измери нивото на трауматизираност на возачот и да донесе соодветна одлука според тоа? Што ако е некој ладнокрвен тип, па ќе му помине траумата за 2-3 месеци и утре пак заспие на волан или со својата неодговорност повторно предизвика некоја несреќа?
Ај да видиме, биди малку логичен и покажи ни некое твое идеално сценарио. Како би поминала постапката на ослободување на возачот?
Идеално сценарио? Идеално сценарио викаш?
еве сега ќе ти кажам едно идеално сценарио. Тоше и останатите двајца се возеле на автопат, виделе шлепер пред нив, шоферот го разминал и по неколку часа стигнале во Загреб. Тоа е идеално сценарио. А тоа да се продлабочува агонијата на човек што се обиде да се самоубие и да се претпоставуваат глупости од типот на „што ако е ладнокрвен спанко“ е лудило. Јас мислам, и веќе тврдам, дека тој е доволно казнет од самиот себе. Затвор или не, тој нема повеќе да биде ист. Тоа е казната. Е тоа не е идеално сценарио.
Хм… се согласувам со тебе Гемиџи. Ѓорѓи е сосема доволно казнет. Сепак… законот треба да биде ист за сите и веројатно (сем ако доказите не го докажат спротивното) - возачот на автомобилот ќе мора да биде казнет.
Но… со оглед на тоа дека предвидената казна е како што и самиот кажа од 1 до 10 години (тоа е во ХР, колку е во МК?) - мислам дека ќе биде најдобро да ја добие минималната казна.
Тој човек мораме да го прегрнеме повторно. Секој обид за новинарски или било каков друг линч (што за нас е многу својствено) ќе докаже дека од смртта на Тоше ама баш ништо не научивме. Впрочем, сега на него му треба помош далеку поголема од онаа што му е потребна на Тоше… мислам дека и животот му е во голема опасност. Имам некое чудно претчувство дека товарот што тој сега го носи на совест е толку голем, што повторно ќе се обиде…
После блиската фамилија, сигурен сум дека на возачов му е најтешко. Луѓе, не сакам да замислам како се чуствува. Тоа е грижа на совест која ќе ја носи до крајот на животот.
уф колку не би сакал да го продолжам коментарот на speculatio (бидеќи, нели, оставил три точки). Инаку се потпишува, позади неговиот коментар.
Доста добро размислување, се согласувам во целост… Браво Гемиџи…
Кога можеа цела терористичка група коај испоуби све живо намерно, можат и дечково кој сосема ненамерно направи грешка која ќе го прати цел живот…
мислам дека да можеше Тоше да каже што он мисли, ќе го пуштеше на слобода…
Има одредба во КЗ каде вели дека обвинетиот може да биде ослободен од одговорност ако се утврди дека последицата од стореното тешко му паѓа итн…
Инаку се сложувам дека е потребно се да се изведе согласно законот и да се утврди дали и каква одговорност имал возачот. Тоа е немилосрдната реалност, колку и да некој сака спротивно…