Кафе
Мхмм…кафе, турско. Во Грција го викаат грчко, некаде во Македонија македонско, да не му знајш крајот. Еден од најпознатите острови при Индонезија е и островот Java. Џава или Јава се чита, како сакате. Впрочем не велиме Џамајка, туку Јамајка, веројатно е само Јава.
Деновиве со засилено темпо учам Јава. Обемен јазик и обемно API. Како и да е, екстремно моќна работа. Сум програмирал C (не многу low-level ствари), C++ (стандарден C++ и тулкитови како MFC и Qt), па така совладувањето на Јава и не е така тешко за мене. Многу личи на C++ само што има многу подобри функционалности, нели и Јава е направен како подобрен C++. Сега пишувам некои бош апликации, вчера вечерта си играв со JDBC и MySQL, со низи и матрици, класи и методи и такви работи. Многу ми се допаднаа можностите за манипулација со IO, баферирани-читачи, читачи за датотеки итн. итн. Многу малку знам засега, но мислам дека напредувам брзо :)
Зошто Јава? Поради тоа што е навистина добар јазик како прво. Поради тоа што се бара екстремно многу и поради тоа што со Јава може да се развиваат повеќе-платформски апликации и веб базирани апликации кои му даваат моќ на програмерот и неврзување за една платформа и архитектура. Ова можеби некако доаѓа како поврзување со фактот дека Јава пред извесно време стана слободен јазик, GPL, затоа што порано бев скептичен кон јазикот, арно ама сега веќе нема за што да се грижам. Ќе се обидам да направам нешто практично и едноставно па да го објавам на блогов или некаде на Вики.






Ќе се одржи во Скопје натпревар за јава програмирање
http://www.codefu.com.mk
Ако примаш совети, најтопло ќе ти ја препорачам оваа бесплатна е-книга (PDF):
Bruce Eckel: Thinking in Java
http://www.mindview.net/Books/TIJ/
ajde stavi 500den bonus