Како се создава слободна содржина?
Слободните содржини треба да може да се изменуваат без притоа да се нарушуваат дотогаш направените измени, како и да се зачува тековната локација (УРЛ) на Мрежата. За тоа најдобар пример се Вики страниците. Кој не знае што е Вики, нека го гледа овој клип.
Вики за слободен софтвер Ви нуди таква можност. За само 10 минути со 3 лесни чекори ќе придонесете во светскиот тренд на создавање на слободни содржини, во случајот, лиценцирани под GNU Free Documentation License (слободна лиценца за документација, таа што ја користат и на Википедија).
- во OpenOffice.org 2.3 напишете текст со екциклопедиска или упатствена содржина за слободен софтвер; форматирајте го соодветно (задебелен, закосен текст, слики, листи итн.). Текстот може да биде и упатство за програмирање и совети за програмери.
- одете во Датотека → Извези и во Формат на датотека изберете MediaWiki (.txt) по што форматираниот RTF текст ќе се експортира/извези во .txt датотека со MediaWiki синтакса;
- одете на http://wiki.lugola.net/Име_на_Вашата_содржина. Ќе се појави порака дека содржината ја нема. Кликнете „Уреди“ и вметнете го текстот од MediaWiki датотеката што ја создадовте претходно со OpenOffice.org 2.3.
Со тоа Вашиот текст станува слободен и се согласувате да важат истите привилегии и начела кои се зацртани во GNU FDL. Со новитетот кој го открив благодарение на Игор, можете Вашите текстови да ги претворите во корисна web2.0 содржина на македонското Вики за слободен софтвер.
Објавено на денешен ден:
- Пролетна чистка - 2008
- 5 фази на пијанството - 2008





