Како ОпенОфис ми го зафркна денот!
Вчера пишував семинарска работа за на факултет. Бидејќи ОпенОфис ја има можноста да зачувува документи во DOC формат, а на факултет немаат ОпенОфис или друг ОАСИС станрадизиран канцелариски пакет, 24те страни од мојата семинарска ги обработив токму како Мајкрософт документ и ги зачував. По следното отворање документот личеше како да е пишуван во MS Office 1879, катастрофа на катастрофите. Пасосите беа де погоре де подолу, бројот на страница си отишол на сред страна или на друго глупаво место, некој дел од текстот беше претворен во коцкички. Ги поправив работите. Зачував и пак истото, само овојпат дабетер. Така цел ден ми помина во рециклирање на текст што другите корисници го прават во 20 минути. Знам дека има предупредување за загуба на податоци при снимање на документ во DOC формат, ама се прашувам зошто таа можност да чита и запишува DOC формати се форсира на велико? Некои други мали или големи причини кои овој пакет ги има или нема како вградени опции нема ни да ги споменувам заради лојалност кон слободниот софтвер.






Мене никад ми се нема случено тоа. А работам со .doc документи секојдневно.
Export to PDF!! >)
затоа е измислен PDF форматот…
никогаш нема да те зафркне.