Како да завршите ПМФ без да дипломирате?
Денеска ми стигна пошта од другар ми Драган. Студира на ПМФ во Скопје и за жал се судира со истите ограничувања што нашето образование ги има, истите професорски фотељи добиени по партиски основи со асистенти и демонстратори со 4 годишен мандат. Пораката ја изменав за да не открие имиња кои Драган не сака да се објават, веројатно тоа ќе му предизвика проблеми на факултетот иако моја сугестија беше јас да ја превземам цела одговорност за неговата транспарентност и наместо замачкување на имиња, да го промениме идентитетот на Драган, но тој сугерираше дека приказната е уникат и дека веднаш ќе биде идентификуван.

„Здраво Балале, како иде? Овде денес е нешто жешко и малку спарно, знајш Скопје како Скопје, лом
Дури денес го видов мејлот од тебе па решив да ти вратам, да ти кажам што ми се случува последно време. Иако речиси до зора сум на работа, успевам да одам да полагам на закажаните термини за преостанатите неколку испити. Нели зборавме, лична сатисфакција, не дека со КТИА ќе имам нешто плус, денес барем програмери бараат во Скопје.
Вчера полагав „***“, досаден предмет, кај професор кој не го знаеш, не е битно за муабетов и ми се случи една опасна работа не мојш ни да претпоставиш шо: ми заврши студирањето на пмф, конечно!! :)) ама не дипломирав. Како? Многу слично со тоа за кое ти секогаш ми збораш како шо е во Битола. Одам јас да полагам и пошто испитот сум го полагал
повеќе од 3 пати, асистентите веќе ме научија. Не е само во Битола професорите да ги знаат студентите на рака и да знаат кој колку пари има и колку пати полагал даден предмет, па пред да помислиш кој кур ги боли за тоа кога студентот ќе заврши со факултетот (иако тие на први пак ќе земат плата), помисли на тоа дека многу е битно да знаат чие дете си и што се случи со Соња. За несреќа јас сум од Битола дете на продавачка во продавница за чевли, па немам некој грб со кој можат професорите „да се гордеат“ и „потпрат“, иако асистентката знае дека работам во „***“ па не испушта прилика да просере за тоа колку можам да си дозволам да полагам испит по стоти пат и да плаќам казни за него. Арно ама вчера кога ојдов во кабинетот асистентката беше особено упорна во намерата да дознае колку плата земам, замисли :)) Нас ни е кодекс, а и на кој не му е, да не кажваме колку земаме плата, имам добро место зошто да ризикувам за некоја радознала асистентка?? Остај то, некако успеав со смешкање да заматам ситуација, се запна да дознае колку пари имам моментално на сметката!! ЛУДИЛА! И сега не успеав да ја заматам ситуацијата, па осетив дека ми се налути. Вика „Ти дечко ќе дојдеш во канцеларија во понеделник кај мене, јас денес не сум за тебе тука“
јас излегов и професорот, сведок на се ова, ми вика од внатре, „врати се …“, па одам пак назад. Donkey, шо да прам..ми вика „шо треба да полагаш ти кај нас?“ му кажав, и ми вика ајде седни, нема смисла..блабла, нешто пофин е професорот. Асистентката очигледно здиве, не сакаше да ми даде да полагам затоа што не и открив каква ми е имотната и финансиската состојба (да дојди в стан кај мене ќе знај како се снаоѓам :)). Пошто полагав само јас, ме остаја в кабинет, а асистентката седна до мене, демек да не препишвам или шо знам шо…бог да чува. Нема теоретска и практична можност да препишваш на предметот :)) Исто како да ти дат да склопиш кола и да застанат до тебе да не препишваш, нели..
Поминаа 20тина минути, асистентката вика „ајде готово“. Јас викам „ама 20 минути само поминаа“ вика „доста е, ако знаеше досега ќе напишеше“. А не е дека не решив ништо, имав уште 2 страни (1 лист) остаено од табаците. Ми го чапна листот и како шо го грабна, јас го закачив стилото во табакот за да не ѝ дозволам да ми го земи. Таа тргна силно и пошто пенкалото беше забиено, табакот се скина.
Го зеде, дополнително го докрајчи и го фрли во корпата. Ахх да, професорот замина пред тоа некаде, за жал. Влегоа уште 2-3ца студенти за потписи или што знам што и почна со нив да се занимава…мене ептен ми зовре крвта, знајш како реагирам на такви срања. Ојдов и треснав по катедрата кај шо седеше и та демек изненадено ме испули…викам „добро ти шо факултет имаш завршено?“ Почна да вика нешто демек „излегувај, марш“, а јас почнав од бесотија да мавам по клупите и вратата. Дури влезе и Диме од Охрид ме придржваше, вистина во афект паднав. На крајот, она шо најповеќе ме заеба беше тоа шо со ногата мавнав по клупата на асистентката, таа се крена и испаѓаа сите работи, стила, тефтери и тетратки шо беа. И закачив една пцовка (впрочем му реков само да ми се тргни од пред очи оти ќе ја напикам од кај шо излегла). Таа го зеде телефонот, беше поцрвенета мислеше дека ќе ја заколам, се преплаши
демек обезбедување ќе вика, Диме ме придржа иначе и телефонот ќе и одеше в ѕид. Фак ејј!! Требаше да си СК за да збораме, полесно се опишува тет-а-тет.
Денес ми стигна мејл од професорот, ме бараат на информативен разговор, ќе одам ќе ја отерам у три лепе. Утре одам да си ги земам документите. Веројатно ќе се запишам на ФЕИТ/електро некаде ако успеам после ова (имаат мрежа овие професорите тука, можи и да не ме примат на ФЕИТ), ако ми признаат некој испит (имам едно чудо исположени на пмф). Знам дека згрешив шо не се исконтролирав, ама глупачата делуваше повеќе како економист отколку како математичар, ја интересираа статистики за пари. И куров ми, шо ја боли кога ЈАС ќе завршам факултет и кај работам јас, дали хонорарно или вработен, дали мајка ми е шивачка или царица??? И да е, има луѓе шо парите си ги заслужиле, не гниеле цел живот карајќи се со другите и чекајќи го мандатот на нивната партија.
Идам за 11ти (октовмри), ќе даваат продолжен викенд, ќе ти се јавам!!!
Драшко“
>— крај на пораката —<
Море речи LoL
Најинтересното е што денес бев јас (gemidjy) на факултет. Една од моите омилени професорки (впрочем една од само тројцата уважени професори кон кои имам почит на факултет кај нас), заминува од катедрата на СУБП како декан на друг факултет. Ѝ посакувам среќа, сигурен сум дека заслужува подобро работно место. Пошто имам испит кај неа, морав да одам да барам потпис од други професори кои ја заменуваат и кои…ПОГОДЕТЕ ШО! Ги интересираа истите работи за кои Драшко направи сцена!!
И ми текна, да фатев да ја акам вратата и трескам по ѕидовите, хаха, нее, далеку од тоа..Арно ама ги интересираа како тоа јас имам многу пари за да презапишувам кредити секоја факинг сесија, како тоа не работам ништо за да ми се зголеми приходот на сметката и кога јас воопшто ќе завршам факултет.
Мојот совет, значи совет, не наложување, би било, професорите да гледаат кога ќе си ја сработат нивната работа. Јас си имам своја работа и си ја гледам мојата. Кога ќе завршам факултет е МОЈА И САМО МОЈА РАБОТА. Тоа е, 80.000 град, сите те знаат, сите ги знаеш, срање град, срање држава.






Ја одбрал најлошата опција.
Расадник за уплашени морони.
Нека пријави, ако не пријави џабе.
Unbelivable .. zarem i vakvi raboti se deshavaat ?
Совет од мене… напрај се мутав, играј ја нивната игра, остај ги да ти побараат подмачкување… а потоа заврти „199“ и пријави ги.
Таквите се само за во ќорка.
Идиоти!
Nema vrska
Toa ne znam dali e praksa na informatika po ispit da naplatuvaat ama definitivno na sekoj padnat student na godina si zemaat procent