Домашна задачка
Дописникот од трето-Б, од основното училиште „Браќа“ од Битола, ни го испраќа следниов допис:
Денес во нашето школо е мирно. Учителката избрка едно дете (единичар) кое џвакаше мастика на час, па го зедовме четивото за активистите за слободен софтвер во Македонија, „Како се однесуваат промоторите на слободна култура со Вас?“ Според мое искуство многу добро. Каде и да одам, ми даваат шоља млеко, ми даваат да вечерам, да обујам папучи со Џив-Џив за да не ги будам децата кога чекорам низ ходникот. Немаат кажано ниту еден лош збор за мене. Иначе не им го користам нивниот смрдлив слободен софтвер…нека се осмелат само, ќе се откажам и од сите мои Creative Commons домашни задачи и ќе ги оставам да чмаат така до 1ви без работа и без плата. Ако активистите видат дека некој е корисник на слободен софтвер или користи Creative Commons лиценца, со него треба да се однесува многу убаво без разлика што зборува и прави тој. Веднаш треба да се затворат во размислувањето и да велат само „да, во право е, да во право е“. Па тие зависат од корисниците…хелоу..Промоторите за слободен софтвер не смеат да кажуваат лоши работи за тетките на Интернет, затоа што така тие ги бркаат од светот на слободен софтвер и луѓето добиваат одбивност за користење на слободен софтвер. А сите знаеме дека тие зависат од корисниците на слободен софтвер во нашата земја. Мислам, кој ќе им доаѓа на настаните после што ќе ги прават? Администраторите на Вики содржини не смеат да ги уредуваат провокативните содржини од тетките и чичковците затоа што тие може да се откажат од употребата на линуксо.
Сепак, во Македонија нивната заедница е градена селективно и внимателно се регрутирани нејзините членови. Дел од некои во таа заедница го пројавуваат стереотипот на Даница од Србија како врвен архитект на нивното Copy-Paste ставање лиценци. Па денес е во шема да се користи Creative Commons…фрки,,, ќе го стават отстрана на блогот и после ако им го прочитаат во Парламентот ќе плачат дека ги крадат..нејсе, сѐ уште немаме таков случај…нели? Потоа ми се одеше по потреба и учителката беше добра ме пушти. Мама ми рече да користам FDL. Убава мама.





