Информатичка писменост
Порано се случувало да му кажеме на некој што нема компјутер дека сме купиле 386ка, при што сигурно немало ништо да му значи поимот компјутер бидејќи многу за таа чудна справа не знае. Ако на слеп човек му кажеш колку е убаво виножитото тогаш, сигурно нема да се насмевне со истата насмевка за која се смее велијќи „Колку е мирна темницата“. Ако на дете му кажеш за Supertux, Frozen Bubble или „Човекот компир“ (уште познат и како Компирко) ќе ти каже, ајде да ги видам, притоа не интересирајќи го која верзија на кернелот има на системот. Но ако на адолесцент со добри 17 години му споменеш Линукс или Слободен софтвер, 90% случаеви ќе каже „Имам чуено за него“ или „Еднаш го инсталирав и цел диск го форматирав по грешка“.
Колку е младината кај нас информатички образувана или информатички писмена говорат фактите што инстлирање на СуСЕ Линукс, на дете од Лугола со 14 години не му беше потребна дополнителна помош (поздрав Томас) освен малку прочепкување низ инсталерот, а од друга страна луѓе со навршени 20, 23,25 години доаѓаат по инсталациони собири за да им инсталираме ГНУ/Линукс дистрибуција која може, ВЕРУВАЈТЕ да ја инсталира секој над 13 години.
Дали некогаш сте се запрашеле ако сте информатичар колку сте писмен за информатиката? Не е се само во Волшебници, менија и икони. Денеска не ви бараат исклучиво C#, Microsoft ™ Office и Corel Draw за работа во компании. Голем број фирми денеска бараат ПИСМЕНИ кадри од информатичката технологија, кои ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да имаат предзанење од оперативниот систем ГНУ/Линукс. Ако осеќате дека ГНУ/Линукс е тежок систем, не префрлајте ја вината на целата заедница на слободен софтвер поради тоа што вие сте неписмен информатички и не знаете ништо повеќе од MS Windows. Кога Даме од Штип со 14 години може да инсталира и користи Слеквер Линукс 10.2 (!!), сигурно може и некој друг со повеќе години и искуство од работа со компјутери (тука споредбен субјект е возраста на Даме). Еден мој другар еднаш рече „Многу сум глуп за Линукс“, епа веројатно бил во право, но не само за него. Битно е дека не кажа дека ГНУ/Линукс е глуп систем






Никој не е глуп за Linux… само тие што инветирале премногу време во Windows обично не сакаат да ги одучат Windows принципите.
Не се работи за образование… Се работи за недостаток на истражувачки дух, малку авантуризам, отвореност, желба за новост.
Всушност и нема многу врска проблемот со линуксот директно…
Дамјан: тоа е доволно глупаво..
Јован: тоа е воопштен проблем за повеќе теми на проучување во Македонија. За се е така