Интервју со Џемсен ван Амадео Торсен, втор дел
Во првиот дел од интервјуто видовме како еден повозрасен уметник кој влечи длабоки уметнички/музички корени од својот голем предок гледа на правците во кои се развива уметноста денес. Доста компетентната личност беше расположена за разговор, тоа ретко се случувало во неговата земја. Џемсен не дава интервјуа, и ретко кога настапува јавно каде што ќе го викнат. Неговата слава му донесе милиони долари и сега, како што вели, може да одмара во тивките вечерни часови со неговата долгогодишна сопруга Фрида дер Гуле Торсен.
Муабетот продолжува таму каде што застанавме…
- ако некој уметник добие прекрасна идеја и ја обелодени пред некој друг…еве да речеме музичко дело кое едноставно го напишал…а потоа тој другиот ја реализира идејата како негова, дали тогаш првиот уметник е обесправен?
- кој му е крив на тој првиот ако не си го реализирал тоа што го замислил пред овој вториот? И дали идејата која првиот ја добил е навистина негова? За жал денес имаме обичај, можеби и сме така воспитани, да кажуваме дека работите кои ние ги создаваме се исклучиво наши. Ако ги задржиме само за нас тогаш не заслужуваме ништо повеќе од парите кои се добиваат за продажба на албумите, а тоа никогаш не оди толку добро како живите настапи. Таквите уметници не ги заслужуваат живите настапи. Излегуваат на сцена и велат „сега јас ќе ви исвирам нешто мое“ и грешат. Тоа е исто како да велат „сега јас ќе ви исвирам нешто мое, а вие затнете ги ушите и немојте да слушате затоа што тоа е мое!!“. И дотогаш додека има публика која го поддржува таквиот уметник, тој ќе добива крилја, а и пари … да прави понатамошни песни кои се „исклучиво негови“. Во Холандија постои еден стар обичај. Уште на времето, кога се случувале големи фестивали на пиво и храна, луѓето кои ги изведувале своите точки, до следната година морале да научат некој друг како да ја изведе истата точка со направени измени во приказната. Или песна. Повеќе биле настапи како театарски претстави, комедии или настап на кловнови, но креативноста еднотсавно морала да премине на некоја друга група за следната година. Тие кои ја спремале точката следната година морале да го пренесат на тие кои таа должност ќе ја преземеле за догодина, итн, итн. Тоа едноставно го прави настапот поинтересен и повозбудлив секоја година. Ви доаѓа нешто како шпанска сапуница, само што епизодите се емитуваат еднаш годишно {се смее}. Од тука можам слободно и малку дрско да кажам дека неспособните артисти кои не можат да создаваат уметност која ќе му ја понудат на другите да ја подобрат не заслужуваат студио.
- Постои едно движење кое дефакто се нарекува „слободна култура“ и во кое се состојат слободен софтвер, слободни креативни трудови и се што на конзуматорот му обезбедува слободен пристап кон тоа што некој друг го створил. Дел од движењето кое е особено насочено кон културата и уметноста се нарекува „creative commons“. Со creative commons авторот му дава право на неговиот обожавател или конзуматор да го конзумира делото, да го шири и евентуално да прави дериватни верзии од него. Тоа сето личи на нешто како што опишавте…со фестивалите во Холандија…
- Да, нешто слично, но сепак не им верувам на технологиите кои денес го контролираат трудот…
- Но слободната култура не е исклучиво врзана со технологиите…пр. не мора некое дело да е на Интернет за тоа да е под Creative commons…
- Тоа е веќе друга приказна, но сепак постои правна регулатива, јас зборувам повеќе за традиционална слобода. Каква што е природата на се што нѐ опкружува, не за слобода што треба да се дефинира некаде за таа да е слобода…
- Во 60тите бевте дел од Хипи движењето?
- Да, пушевме хашиш, ги пцуевме Кенеди и не правевме ништо. Тоа е суштината на целото хипи движење. Хашиш, пцуј, лежи…по цел ден така..
- Значи сепак постои потреба младите да работат во корист на слободата
- Да, и треба да бидат активни во полето на слободата во формата каква што е денес…
- Па денешниот живот повеќе наложува борба за технолошка слобода..
- …за да добијат живот каков што заслужуваат и нивните деца….Во ред, технолошка слобода, нека биде било каква борба..”just get up stand up, for your right” …Марли…
- хаха…ви благодарам за прекрасно поминатото време..
- Totziens!
Објавено на денешен ден:
- Зависности - 2006
- Ајде уште еднаш - 2005
- Qt упатства, пак (I дел) - 2005
- Утре ми почнува одморот - 2005
- Големо извинување - 2005





