Идејата на идеологијата
Темата за денеска е Идејата. Потребата од ширењето на идеологијата меѓу корисниците на сметачи во нашата земја. И во светот, ама ние делуваме тука. Македонија се развива во однос на Информатичката технологија, иако има многу повеќе трупци него професионалци, иако наместо да се споделуваат искуства и нови идеи денес корисниците на различни платформи само фрлаат огнени топки едни кон други, еве можност да се консолидираат сите корисници на софтвер и да формираат една заедничка идеологија, се разбира нема да се базира на ништо друго освен слободата, не мора да е слободен софтвер, само слобода. Споделувањето на идеите и знаењето е главна женска улога во сценариото, ако отстапувате од прифаќање на тој принцип, направете нешто корисно за вас, пуштете Cartoon Network.
1. Зошто преку Како
Некогаш имињата на подточкиве ги земам од дискусии со некои мои другарчиња, како на пример вчерашниот (ќе се сети кој). Тоа беше сосема друг муабет, но многу битно гледиште за денеска е да согледаме зошто да се делува и како да се делува. Ако едното не постои нема да може да се стигне до другото. Ако знаеме зошто да делуваме, но не знаеме како, џабе знаеме, ако знаеме како ама не ја знаеме целта, исто џабе. Едното прашање без одговорот од другото не може да се изведи. Нема потполност и компатибилност. Токму затоа, целта на целото движење и пропагирање за слободен софтвер е веродостојно доловување на моќта на слободниот софтвер за имплементирање на сметачи каде се задоволуваат некои потреби. На луѓето им треба авторитет, тие се жедни за знаење. Никој нема да се нафати да го пронајде решението сам, ќе тргне од стекнатото знаење на друг поединец. Порано тоа не било така. Немаше Google, немаше Wikipedia. Се се стекнуваше/ло на своја мака. Но како што врви времето, крајниот корисник ќе е се помасовен во замавот на слободниот софтвер, па затоа и на крај памет дека тој треба да чита како се конфигурира одреден сегмент што му е потребен, ќе го чека сервирано и спремно за употреба. Ако ме прашате мене тоа и не е многу оправдано, но тоа е чиста слика на тоа што е. Како ретка можност се нуди способноста на некој од корисниците да му помогне на почетникот. Многумина знаат, имаат знаење, но ретко кој може да помогне и методички да пристапи кон решавање на проблемот на друг. А многу е битно да се помага на почетниците кои започнуваат со слободен софтвер. Да, сите сме биле досадни некогаш. Некои уште и се. Има многу од заедницата што се навикнале премногу да конфигурираат работи со графичките алатки, па кога ќе треба да конфигурираат нешто на некој минималистички систем ги фаќа паника. Каде може да се помогне помагајте. Не се кријте себично и дудлачки зад вашите себични амбиции на краен корисник. Зошто ако имате знаење не го споделите со другите? Тоа што сте добиле ново работно место не е воопшто оправдување дека немате време или можност. Напротив, тоа треба да ве стимулира. Па и не сте прв што сте се вработиле или сте го изгубиле времето во друга дејност. До вчера и Вие бевте таков. Да, корисник на кого му е потребна помош. Ако знаеме што сакаме треба да тргнеме од прашањето Зошто, ако го одговориме тоа прашање ќе добиеме одговор од типот „затоа што сакаме масовна употреба на GNU/Linux од корисниците“, ако сакате тогаш споделете го знаењето и ќе го добиете одговорот на прашањето Како.
2. Извори на помош
www.linux.net.mk
Ако зборуваме за извори на помош на македонски јазик, за слободен софтвер не може да се пожалиме дека ги немаме воопшто. Како прво и основно, веб страната која некогаш беше жив и интересен портал за корисниците е мртва. www.linux.net.mk е мртва. Јас лично имам право да објавувам вести и стории. Но тоа не го правам често поради односот на претходните администратори кој оди вака: „јас доста се грижев за страната, сторив доволно, сега треба некој друг“. Ако е така, зошто воопшто е отворен овој портал? Каде се иницијаторите?
Поштенска листа
Постои поштенската листа на „Слободен софтвер Македонија“. Да не ја почудам, функционира добро. Иако служи само за објавување информации и новости, а се поретко за решавање на проблеми, листата функционира. Адреса на листата е http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members. Дозволено е да се зачлени секој кој претходно ќе го прочита бонтонот на листата и ќе се придржува до правилата на испраќање пораки.
Wiki-то на Лугола
Викито на Лугола претставува млад проект на Групата на корисници на GNU/Linux од Битола. Во него досега нема многу статии. Има 65. Но размислувам на идеја и начин да се дополнува со нови и свежи информации. Не очекувам онлајн поддршка од корисници кои треба да ги фатите за муда за да напишат 5 линии во Викито или 10 месеци да ги чекате да напишат текст за RedHat (да, Марко, каде загина?). Тоа нема да се случи. Ќе се организираме во групи и на лице место ќе се пишуваат текстови и ќе се објавуваат уште веднаш (веројатно групен собир во блиска иднина). Се надевам, значи се надевам, дека Викито ќе стане центар и база на знаење за нови и напредни корисници. На почетокот тргна сосема добро. Ќе видиме како ќе биде со новиот увид на работите.
IRC
На IRC може да добиете помош на македонски јазик на каналот #lugola на Freenode (irc.freenode.org). Последно време функционира прекрасно. Вчера се собраа над 25 корисници на договорена средба на заедницата. Беше интересно. Состанокот заврши и сите ги снема. Е тоа е болно. Има толку многу корисници, а не сите од нив се спремни да помагаат на новајлии, кои верувајте доаѓаат на каналот и поставуваат прашања за стекнати проблеми. Иако тоа некогаш е хумористично, нив им треба помош, и треба да ја добијат бидејќи ја заслужиле со храброста што инсталирале GNU/Linux дистрибуција.
Потоа следуваат НВО „Слободен софтвер Македонија“ (мислам на нивната директна адреса за е-пошта), како и Лугола, преку формата за контакт на www.lugola.net и испраќање директно писмо со образложение на проблемот и барање за решение. Тоа функционира солидно. Единствено што Лугола во случајот не прави е што официјално не испраќа CD-ња по пошта или не врши нарачки. Во последниов месец, се обратија над 5 корисници од Скопје, кои не добиле никаква информација дека таму има корисници на слободен софтвер, а кои можат да им дадат тоа што го бараат - соодветна дистрибуција за нивното ниво на знаење. Да, на 2ца од нив се обидов да им пратам пакет со дистрибуции (едниот од нив не ни стигна, глупава пошта). Битола испраќа во Скопје. Голем срам.
3. Дедо мраз
Да. Постои. За „месецот на GNU/Linux во Битола“, значи минатиов септември оваа година, вашиот сакан другар за потребите на проектот на свој трошок направи многу многу пропаганден материјал. Него го исмејуваа за грдиот дизајн на летоци „како тоалетна хартија“, но мора да споменам и нешто друго, тој истиот со помош на своите другарчиња од Лугола, направи околу 200 копии од памфлетот на „Слободен софтвер Македонија“ - Слободата и Ти. Се направија и редица други работи кои нема ни да ги споменувам бидејќи не ги правевме за да се тупаме во гради и да викаме дека сме сработиле се што може да сработиме во 1 месец, туку од љубов кон она што го правиме. Се поделија над 400 ЦД-ња со најновите дистрибуции, маички и сл. Ние бевме дедо мраз, делевме бесплатно и корисниците задоволно си ги земаа бесплатните копии од материјалите. Еднаш на членството им кажав дека „ќе сум среќен ако од секоја една активност што ја имаме, се извлече барем еден нов корисник“. Тоа се случи во неколку наврати за време на последниот проект. Целта беше постигната.
Гореспоменатиот памфлет е најдобриот материјал во Македонија кој може да се прочита и кој може на крајниот корисник да му понуди јасна слика за слободниот софтвер и воопшто слободата. Памфлетите беа разделувани најчесто на млади лица и лица кои покажуваат особен интерес за проблематиката која ја пропагиравме. Сето тоа ми направи една размисла која уште еднаш докажа дека пропагирањето, дали на овој или оној начин, е многу важна работа во мисионерството што го зедовме како обврска (барем некој). Правењето летоци кои само ја доловуваат информацијата, делењето ЦД-ња и нудењето на други материјали е работа која мора да ја правиме. Дали сте ја направиле некогаш вие таа работа во вашиот град? Можеби и е време да се организирате во група на корисници на слободен софтвер и да превземете обврски на вашето кревко грбче. Тоа го стори Ане од Велес, секоја чест, тој го направи првиот чекор кон приближување на корисниците на сметачи во Велес со слободниот софтвер. Нема да споменам точно што, но дечкото пројави интерес и тоа што го дискутиравме во Битола и го направи. Речиси сум сигурен дека во Велес за скоро ќе видиме група слична на Лугола. ЛУГ-овите се битна работа. Дел од машината за пропагирање. А тоа што се бара жртва и од оваа работа, навистина, се бара. Но ќе зборуваме за 10тина години, кога најдобронамерно се надевам дека сето ова што ние (да речам јас е многу егоистички) го започнавме во Битола, а кон што ни се придружија многу други, ќе исплива како гордост кон тоа што тогаш ќе го работиме. Основата ја градиме сега, ако ја направиме трула, ќе се урне она што треба да го градиме до крајот на нашиот работен век (како вработени лица).
Многуте фрустрации доаѓаат од редица незаинтересирани членови на нашата не многу голема (но растечка) заедница на корисници на слободен софтвер. Секој ден може да биде посебен со барем по еден нов член. Секој може да се чувствува посебно ако наведе и докаже пред барем 3ца свои другари дека нивното мигрирање кон употреба на слободен софтвер би било оправдан чин. Така од нас 100 ќе се добијат уште плус нови 300 корисници. Она што ќе се случи во блиска иднина можеби ќе се одрази и врз нашата иднина. Мисионерството не е губење време и продавање празна идеологија. Како што кажав, тоа е градење и создавање момент кога идејата ќе ја оправда идеологијата и кога сите ќе можеме да му дадеме парче леб на младичот кој го носи нашиот нос преку она што најповеќе сакаме да го работиме - слободниот софтвер во целина.
Објавено на денешен ден:
- SIEG, злобни духови! - 2008
- Кога Бог е убиец - 2007
- Пцовки и слични безобразни зборчиња - 2006






Немој да сереш да не пиеш бокс, “ја не објавувам зашто иницијаторите на идејата не објавуваат мамооо мамо беее беее”.. ебати волот, ако сакаш да праиш нешо прај го што има врска што другите не го праат. На кратко, си бараш изговори само.
Ајде почна ти и да се закануваш…и да вреѓаш…
Тешко тебе само ќе речам, и види таму на linux.net.mk кој има објавено последно.
Ти си дечко збунет.
Се е во ред уфо
За другите, ние не се караме, заедницата е цврста. Уфо изиграва jackass како и секогаш. Затоа и го сакам