Зошто е убаво да си пишувате нормални променливи
Во понеделникот полагав, впрочем бранев семинарска по предметот „Информациони системи“. Интересна материја мора да признаам, плус професорот се погоди многу кул, од ЕТФ е мислам од Скопје. Нашата семинарска беше на еден софтвер на кој имам работено, за кој требаше да изработиме информационен систем.
Презентирајќи го софтверот, професорот ме прекина со извикот „Лошо! Лошо!“ гледајќи се на страната каде беше дијаграмот за софтверот, од печатената верзија на семинарската. Јас помислив дека се работи за лошо концептиран дијаграм, кога впрочем видов дека професорот увидел една мала грешка, се разбира ненамерна, која јас сум ја оставил да стои од времето кога софтверот бил пишиван и која никогаш повеќе нема да се повтори, не после ова. Имено, има една класа која требало да се вика (нешто барем како) fakturi. Јас во програмирањето сум ја крстил fuckturi. 30 души се гледаат во мене, а професорот вика „Овде пишува fuck. Fuckturi.“..ок сменав 12 нијанси на боја на лицето, ама некако успеавме да се извадиме…некако. Брука. Што да правам, лоши конвенции сум вовел
Објавено на денешен ден:
- Бучко - 2006





