Зошто ваучерите се штетни за нашата младина?
Владата сериозно пристапува кон промовирање на технолошкиот развој во земјата. Не поминаа ни 5 дена откако ни беше понудено огледало, а еве го премиерот со новитет, ваучери за младите во земјава. Кај мене на факултет и нема апсолвенти. ЕКТС, не знам ти што. Арно ама во индексот ми стои „апсолвент“, сеуште. Тоа значи дека веројатно и мене ми следува ваучер од 200 евра. Но јас нема да го искористам. Еве, и хипотетички да замислиме дека ми следува ваучер доколку не ми следува, јас нема да го искористам. Зошто?
- Нудењето на ваучери за апсолвентите ќе повлече дополнителен трошок за фамилијата/студентот кој го користи ваучерот. 200 евра ја олеснува ситуацијата, но со 200 евра во Македонија може да се купи некоја чкарт хардверска конфигурација која на студентот НЕМА да му понуди валидна работна околина. Такви ги има во АМЦ, Анхоч, Нико, итн. преку нивните Давиди и Голиати. Ок, можеби и прашање е дали навистина може воопшто со 200 евра да се набави компјутер (кога велам компјутер мислам на машина со вклучен монитор). Тоа значи дека ваучерите нема да им помогнат на студентите, туку напротив, дополнително ќе им ја влошат состојбата преку потреба од купување на дополнителни хардверски компоненти, па не дај-боже и софтвер. Решение за ова би било да владата понуди ваучер за купување на БИЛО КАКВИ технолошки гаџети. Можеби имам компјутер, а ми треба екстерен диск, од кај знае премиерот што ми треба? Ако се прошири полето на ваучерот и ако со него можеме да купуваме било што до 200 евра, тогаш секоја чест, добар гест, но вака со принудување за купување на компјутери, се наметнува потребата од имање компјутер. А и на сите апсолвенти не им треба компјутер. На некој можеби многу повеќе му треба дупчалка (бормашина?), или што знам јас, некое друго џиџе кое му е по-приоритетно пред компјутерот.
- Со оваа кампања на Владата се промовира пиратерија. Ако ме прашате мене, воопшто не ми е гајле дали Петко ќе користи пиратски или непиратски XP. Исто гомно се и двете варијанти. Но со оглед на тоа што Владата се бори против пиратеријата, а со 200 евра практично не може да се покрие ни хардверскиот дел, Петко ќе мора да си набави пиратски софтвер. Линуксашите ќе помислиме дека Петко може да си инсталира слободен софтвер, со што сосема се согласувам, но во Македонија, ниту една компанија нема да понуди решение со GNU/Linux дистрибуција на машината. Сега мора да дојде до израз свесноста на Петко да користи слободен софтвер, но Владата треба да нагласи „ви даваме ваучер од 200 евра за хардвер, а за да не користите пиратски софтвер, бидејќи со 200 евра не може да купите MS Office и сл., ви препорачуваме да користите GNU/Linux“. И така проблемот со промоција на пиратерија ќе се реши.
- Со користење на ваучерите се прават списоци на апсолвенти кои подигнале ваучер. Тие списоци се со име и презиме, лични податоци и своерачен потпис. Сето тоа го става студентот во улога на марионетка. Ако утре владата одлучи да се повика на Вашиот потпис како согласност дека Вие (апсолвентот) се сложувате со добрата работа на Владата и си го зголеми рејтингот, Вие нема да можете да сторите ништо. Вие сте потпишале дека се вклучувате во акција на Владата и дека од сето тоа сте добиле материјални добра и со тоа му давате признание на Владата. Покрај тоа, политички загушените апсолвенти чии татковци им рекле да не земаат ваучер затоа што тато бил од СДСМ или ДУИ ќе го исфилтрираат списокот и ќе се добие листа од 90% апсолвенти кои се политички ориентирани, додека другите 10% ќе стојат на списокот како лица кои гледаат можност за подобра иднина преку искористувањето на ваучерите.
Не ја поддржувам оваа иницијатива на Владата поради тоа што фиктивно се прави впечаток дека Владата се вклучува во развој на технологијата во РМ. Зошто Владата не даде 200 евра на апсолвентите кои сакаат да го продолжат своето школување на пост-дипл. студии во нашата земја? Тоа многу повеќе би им значело. Зошто Владата пак, не им дава по 200 евра, не ваучери, на фамилиите во кои има апсолвент. Тоа би било најдоброто нешто што можело да се случи во последно време. А сепак истите пари би биле одвоени.
За да не испаднеме политизирани млади лица чија визија ја препречува политичката ориентираност на педерските политички партии (сите!), одбијте ја оваа иницијатива, и побарајте нешто кое е многу поблагородно за нас…што знам, Интернет низ цела држава? (не dialup со user: vladamk, pass: ostvaruvame
)
Објавено на денешен ден:
- Детето кое не стисна F5 - 2007
- yaxwe in the movie - 2007
- Операција на јаболка - 2005






Морам да те поддржам за мислењево. Скоро за се си во право.
Супер, само уште да се идентификуваш со вистинско име и сл, за да знам кој се сложува со мене
Не се сложувам со мислењето
1. Никаде не е спомнато дека ваучерот ќе биди доволен за цела конфигурација, тој е за да помогне при купувањето. Доколку немаш доволно пари да доплатиш - не го користи, доколку имаш - ќе ти помогни. Кој губи тука?
2. Пиратеријата не се промовира со тоа што ќе платиш 200 евра помалце. А и еден добар дел од фирмите нудат и Линукс како алтернатива. Можи ова ќе придонеси кон зголемување на Линукс userbase-от во Македонија (мисли на оние кои одвај можат да набават компјутер и со овие 200 евра).
3. Да, сигурно дека доколку некој земи ваучер од 200 евра ќе биди сметан како обожувач на vладата. И да, доколку во списокот напишиш лични информации тоа е за де контролираат како марионетка, не за спречување на злоупотреба. И уште една нејасност - како можи некој да се повикува на мојот потпис дека прифаќам ваучер од 200 евра и врз тоа да бидат носени други заклучоци.
„се повика на Вашиот потпис како согласност дека Вие (апсолвентот) се сложувате со добрата работа на Владата и си го зголеми рејтингот“
Како тоа ќе си го зголеми рејтингот? Рејтингот не се пресметува врз тоа колкав процент прифатиле нешто од владата.
А пак за партиските зилоти, и како тие ќе реагираат - ме заболе.
И да додам нешто за желботеката - јас сакам на секој да му се купи по еден Thinkpad T61p и сите да имаат дома муфте full duplex.
Алал да ти е бе пријателе. Очигледно ги осуети мрачните тајни планови на кланот Груевски и ја насети намерата да се загрози младината со по 200 евра кои мора да се искористат за компјутер, а не како што сакаат сите - за бормашина.
Нели, професорот Бучковски и компанијата црвенковска претходно даваше по 500 и дури велеше трошете ги како сакате, купете си шајки и пикнете си ги во задното дебело месо….
Старите за ваквиот твој пост би рекле, да го натепаш, да не му кажиш зошто!
Туку ај, секој со своето страдание!
Брате, мислам дека се’ си сфатил погрешно.
Колку луѓе (студенти) познаваш што имаат потреба од компјутер, но немаат пари да купат од слениве причини:
* Треба да платат рата за на факултет
* Треба да платат кирија за станот во Скопје
* Треба да платат за кревет во студентски дом
* Треба да си купат нешто за носење
* Треба да купи нешто за јадење
* …
Мислам дека ова иде во нивна корист! Единствено што им земам за зло е тоа што е ограничен ваучерот само на апсолвентите, а треба да бидат вклучени барем и бруцошите.
Искрено очекувам само препорака за користење на слободен софтвер!
А, има време… Ќе биде тоа (што го пишуваш) така и за интернетот. Со време…
Секоја чест за ваквиот потег на Владата. Следниот пат сериозно размислувам да ја гласам (ако не усере нешто до тогаш)!
@Јосип: Ок можеби не се споменува дека ќе е доволен за цела конфигурација, но на многумина тоа ќе им повлечи дополнителни трошоци. Тоа не е баш економски оправдан потег.
Која фирма нуди Линукс како алтернатива? Еве кажи ми 2.
Тоа под три не го сфати баш најдобро. Ако ти му дадеш акредитација на владиниот чин да се купи компјутер тогаш прифаќаш дека тоа е добар гест. А што ако испадне дека не е? Еве сега не знаеме ни дека е ни дека не е.
Желботеката со thinkpadot ти е нонсенс, зошто не им дадат 200 евра на стечајците наместо ваучери на апсолвентите? Или на фамилиите на апсолвентите или на апсолвентите како стипендија за пост дипл. студии?
Мислам дека насетувам политичка обоеност
@Toni:
Ако треба да платат рата на факултет и ќирија за стан, тогаш многу подобро би им дошол ваучер за рата на факултет или ќирија (стипендија или обезбедено сместување за студентите). Можеби и готовина иако тоа и не е паметно засега, но сепак, решавањето на статусот на студентите во земјава бара решавање на други проблеми и има други страни кои треба да се решат пред имањето на компјутери.
@Лавот:
:))) треба да се пријавиш за гостин во К15
Реалноста е дека секоја фирма за продажба на комјутери би прифатила секој што има ваучер од 200 евра, за 180 на пример, да можи со него да набави компјутерски компоненти и да си ја освежи својата домашна конфигурација. Значи тој проблем е скоро решен.
Друго, секој студент кој не сака компјутер, нека ја подигне најбедната конфигурација од 200 евра со монитор и после нека ја продаде на терто лице за 180. Сепак, колку толку ќе види некоја полза… во краен случај и нека ги донира во црвен крст.
И, аман те бре народе, што мислите? кај живеете? во Швајцарија? Ехехе… колку комбинации може да направи македончето со 200 евра…
Пријателе,
водењето на една држава е комплексно и нема таскови со реден број 1, 2, 3…
Дали има многу проблем кои треба да се решат? Да, секако… Кој премиер како ги решава проблемите - тоа е негово. Затоа има избори, затоа луѓето гласаат и кажуваат дали оваа влада чини или нечини, дали треба да добие уште еден мандат или не…
Јас, пријателе, не сум партиски обоен. Ми се гади од партиски бои. Јас само сум дел од ИТ бизнисот во Македонија и ги следам работите. И никогаш нема да прифатам став кој ќе рече дека помошта од 200 евра за нов компјутер (без да те праша од која партија си, без да те праша за кого си гласал, без да те обврзе да гласаш за него, без да си му роднина на министерот, без било што…) е нешто што не треба (сега) да се случи. Македонија ќе биде за нијанса подобра земја кога ќе се реши овој проблем, макар што се решава пред другите проблеми. Студентите ќе седнат на лично свој компјутер да си ја напишат дипломската работа. И ќе бидат горди на својата земја.
Ако само малку го тргнеш горчливиот вкус од политичко пецкање во твојот став по ова прашање - ќе видиш дека нешто убаво се случува.
@Toni:
не сум политички ориентиран, а да, сакам да ги пецкам политички ориентираните „интелекти“ кои мислат дека преку членска книшка ќе добијат подобар живот. И баш заради нив да трпиме ние, неутралните.
1. За некој што нема компјутер, онаа конфигурација од 9 илјади денари е повеќе од доволно (баш денес земав проспект од АМЦ: 80 GB, 512 RAM-kако и мојата која лани ја платив 400 Е) а монитор се наоѓа на старо за 6.000 денари. Така да, за минимална доплата од 50-100 Е добиваш компјутер кој нуди валидна работна околина. А целта на акцијата не е појачување на нашите домашни конфигурации, купување на домашно кино или незнам што. Туку како што кажа сам-ширење на технолошкиот развиток во земјата и пружање можност за поседување и користење на компјутер на оние кои неможат да си го дозволат.
2. Со секоја купена конфигурација од АМЦ, доаѓа бесплатен софтвер (кој мислам дека е исто така пиратски :> ама во тој случај владата нека си има работа со АМЦ)
3. И како што кажа некој погоре, лични информации се земаат за да се спречи злоупотреба, пр. јас да подигнам 7 ваучери.
P.S.Јас не сум апсолвент, ама ја поздравувам оваа акција.
Не ми работи блогот инаку мислев да реплицирам со блог пост на глупостиве.
Прво, мислам дека идејата за компјутер за секој апсолвент е одлична и треба да земеш во обзир дека не сите апсолвенти во Македонија можеле да си дозволат да купат компјутер (или два) додека студирале баш поради дополнителните трошоци што ги имале за студирањето - некои и воопшто не можеле да си дозволат, што е толку тешко да се разбере тоа? Поголемиот дел од студентите што завршуваат на техничките факултети не ни имаат компјутер. И што правиме кога ќе се вработат и ќе треба да почнат да работат на компјутер (понекогаш и од дома - ова е се почесто во денешно време)? И да не зборам за предностите од имање на компјутер дома, сите ги знаеме.
200 евра се доволни за просечна конфигурација што ќе врши работа за учење, читање, сурфање, пишување па дури и играње игрици, владата нема потреба да дава компјутери со 4 гига рам, најновата нвидиа картичка и кор дуо процесор, ако сакаш таков доплати си. Ботомлајн, компјутерот за 200 евра е доволен за секого, посебно за оној што немал компјутер досега.
Тоа што ти си имал можност да имаш 1, 2 или 3 компјутери додека си студирал е твоја привилегија, некој немал и сигурно многу повеќе го цени и му се радува на ова што решила да го прави владата.
Фирми што продаваат компјутери без windows има еден куп. Сакаше да ти наброи 2 некој, па еве две: Инет и Неоком продаваат компјутери со инсталиран GNU/Linux (Knoppix). Имам чуено и за други фирми а и додека работев во една од нив пред 4-5 години инсталирав Knoppix на ново склопен компјутер. Значи има многу повеќе од 2 фирми што го прават тоа.
Тоа дека владата промовирала пиратерија и чист нон-сенс.
Земи прави нешто попаметно со времето.
@Арангел:
Ако си сакал да одговараш со блогпост на глупостите значи не се глупости
едно тоа, друго, тогаш ќе си како Филип и Би кои наместо да реплицираат си препукуваа постови на блог, што за мене е смешно. Сепак ти си паметен дечко го избра правиот начин…или не? Нејсе, не работел серверот, ти се трефна овојпат, испадна случајно паметен.
Нема да одговорам со аргументи на пост како твојот, нема да се обидам да го побијам сето тоа, затоа што твојот пост е конгломерат од сите претходни постови и дискусија на IRC, немаш твое мислење, освен тоа за ИНЕТ и Неоком. И зошто да одат луѓето во Инет, кога толку долго не поучуваше како тие се серковци и дека од нив ништо не бива освен маичка за гемиџи?
Никаде не споменав дека сум имал или немал можност да имам или немам 3 компјутери додека сум студирал. Можеби сум имал можеби не, можеби сум одел на приватни академии или не.. вистинскиот проблем е тука што ти делуваш како глуп и не сфати дека се работи за ваучери за апсолвенти, кои завршуваат со студии. Значи, да повториме, апсолвент е тоа на факултет (таму каде што учат некои понекогаш) кога ќе заврши со слушање на сите предмети и му остануваат само испити. Значи апсолвентот дефакто повеќе и не студира, само полага.
И за крај, немаш право ти да го дефинираш моето време, како јас сум го потрошил или да коментираш за тоа што јас правам со моето време. Не сме сите гуруи како тебе во добри фирми па времето да ни е исполнето тип-топ. Се надевам еден ден ќе ми биде исполнето подобро од сега, за да не можат мрсулковци некои да ми се прчат со тоа колку добро си го планирата времето.
@Ивана:
Токму така, 100 евра плус за монитор на старо. Тоа им ја влошува финансиската состојба на луѓето.
И еве, за сите што мислат дека постов е тресење од ракав, ако некој има компјутер дома, како што имам јас, и е апсолвент, нека го земи ваучерот, нека купи машина и нека ја подари на некој кој не е апсолвент и кој нема компјутер, како што ќе сторам и јас. И сето тоа ќе го сторам за да докажам дека сум во право.
[...] „полезни и благособлазни работи“. Но за тоа сме блогери. Или? Напишано од Jovan Petrov Категорија [...]
Ај што не ти е во ред постот (нема везе, имаш право да си го искажеш твоето мислење), ама коментариве ти се обично инатење. Ако прочиташ убаво што си напишал - сам ќе си се изначудиш. Прво, ставот ти е А, потоа ти е Б, за на крај да кажеш дека е В, ама уствари тоа ти е исто како А.
Последниов коментар: „Токму така, 100 евра плус за монитор на старо. Тоа им ја влошува финансиската состојба на луѓето.“ ти е чиста бламажа. Кажуваш дека дополнителни 100 евра се оптеретување, ама да си купат цел компјутер од 300 евра не е! И баш поради ова сметаш дека потегот на Владата е глупост? На ова ти се базираат твоите ставови?
Со оглед на коментариве и твојата очајна потреба да навредуваш пријателе, ќе те угостам со уште едно прашање, колку да ти се направи кефот.
Да не те гледав на Бисери со Анета Кочишки?
Или можеби си штотуку излезен од штабот на СДСМ штом вака жестоко напаѓаш идеја која се најавува за првпат во Македонија.
А, бе слепец еден, на досегашните влади студентите им беа паричка за поткусурување, си играа курташак со нив, конечно се јавува еден интересен потег и ти најде на тоа замерка да му ставиш…
Има институции пријателе, не се секирај до толку.
@Тони:
не гледам никаде контрадикторност во постовите. Не реков дека треба да се купи компјутер од 300 евра и да се донира, туку да се земе ваучерот и да се искористи за потоа да се донира добивката на некој кој нема компјутер. Мислам дека времето исто така ќе покаже кој е во право, може да оставиме да чекам. И не се инатам, само сум нападнат од сите страни, ми се навртија политички ориентирани коментатори
@Лавот:
Не сум бил, не сум и нема да бидам влезен или излезен во нечиј штаб. Тоа е разликата меѓу мене и тебе, ти си политички црвено обоен, јас сум шарен и неориентиентиран, и имам право да критикувам.
Еве ја твојата контрадикторност:
„200 евра ја олеснува ситуацијата…“
Па, после во еден коментар пишуваш:
„Токму така, 100 евра плус за монитор на старо. Тоа им ја влошува финансиската состојба на луѓето.“
Не ти реплицирам повеќе. Нема потреба. Одмори ден-два. Подигни си го ваучерот и подари го на некој кој нема компјутер. Направи барем нешто исправно…
Поздрав…
Епа јас од почетокот викам дека 200 евра ќе повлечат дополнителен трошок. Прочитај пак.
И знаеш што другар Тони, или да не испадне дека сега со другар те ословувам па да се навредиш, како би било…Тони, јас сум направил многу исправни работи во животот, такашто твојот коментар плус или минус нема многу да повлијае врз моите одлуки
Само ќе ме измачи да треба да одговорам, затоа што ако се повлечам сега ќе испадне дека сте во право.
As I said, ќе покаже времето. Тогаш врати се на постов.
Нормално, се фати за 100-те евра. Од 50-100 евра, зависи каков сакаш. За некој што нема компјутер воопшто, ваучерот е премија и ќе се потруди да најде или собере 3.000 за монитор (не сум контрадикторна, туку вчера ми кажаа дека на старо се наоѓа по таа цена). Значи треба некој да ја пропушти оваа шанса за нешто што никогаш го немал, за 3.000 денари ???
Повторно да кажам, одлична акција. Поздрав
Никој ништо не дава за џабе… На крајот на краиштата тие 200 евра се и онака наши пари и сигурно никој политичар од џеб не ги дава. За поздрав е единствено иницијативата, а начинот на кој тоа се прави е една лоша маркетинг кампања. И има вистина во муабетот на Александар. Не се сложувам со тезата за промоција на пиратеријата.
Зошто ваучерите им се даваат на апсолвенти?. Од поголема полза е да им се дадат ваучери од 300 еура (за да може целосен систем да се купи) на бруцоши кои не се во состојба да купат компјутер. Овака испаѓа ко лижавчиња да делат
битно даваат нешто,не мора за се да се буните,акцијата е за поздрав,во компјутерите е иднината што поише луѓе имаат толку подобро,уште бесплатен интернет да дадат и супер
Со тие двесте евра можеш и легализиран софвтер да си купиш што е спротивно на она што си го напишал горе!
бај д веј двесте евра се ДОВОЛНИ за обична конфигурација и не мрчи многу, а за пиратеријата да не збориме дали некој студент купил лиценциран софтвер! ко на пр. Visual Studio, WinXP PRo, Win2003 Serv итн.
@ ivan не даваат нивни пари, наши пари се тоа, не биди наивен.
@Лазар, што можеш за двеста евра да купиш?
и нели владата се бори против пиратерија?
Се е ок, добар е потегот ПОМАЛКУ или повеќе ама се прашував што е поентата што кај нас никогаш не постои еднаквост? Мислам дека не е фер некој да добие компјутер зошто немал, а јас поради тоа што сум го добила од баба да речеме да не добијам 200 евра кои би ги искористила за пост диплмоски или слично? И лани беше истото со стипендиите, немаа средства за сите па по 5-10 души од секој факултет не добија и покрај нивниот вложен труд за добри оценки, демек до толку неможеа да најдат пари. Која стимулација е тоа? Па и сега на студентите на медицина може им е потребно повеќе пари за книга отколку компјутер кој не им е толку неопходен. Себична и глупава идеја севкупно. Се на се, ова е тешко срање. Браво за постот.
Фак… Гемиџи форум си направил на блог.
Предлог од мене (додуше не ги прочитав сите коментари - можеби некој веќе предложил): писмо до Владата во кое ГНУ/Линукс заедницата нуди ваучери за инсталација на Убунту на секој ваучерски компјутер. А?
Ne treba nisto da se dava geska napravija treba da vi gi zemat i tie doma sto gi imate i mislam deka togas nema da komentirate i ke bidete zadovolni.
Почнав да ги читам коментарите, ама почнаа многу долги да ми се и се откажав. А сакам да коментирам.
Како и да е тие ваучери не се даваат за „социјална помош“ тие ваучери се даваат за развој на Информатичкото општество… И се даваат на студенти кои се запишани во својата завршна година, а причината е да ги натераат другите студенти да стигнат до завршната година мислејќи ќе добијат и тие 200 еура…(жими мајка, мижи да ти бајам) Искрено гестот му е супер ама да бев на негово место ќе направев друго нешто… Ќе им платев на студентите по еден курс за компјутеристика *(што би рекол другар ми Ердан) па да видиш после каков развој ќе блеска…
Него ајде… Утре ми е Бајрам па сакам да си легнам…
АС
http://jovansblog.dobroutro.com/infosoc/dvadinara/#comment-62
@Maki, епа немора да ги даваат на апсолвентите, боље нека ги исперат! (и онака се перат пари на велико дај и овие нека идат таму)
за 200 евра ке си земеш од Vegas ili PcDiscount едно комплјукторче на старо, цакум пакум, инсталирај линукс и ШИБАЈ, а доколку немаш легален софтвер и работиш на Win искористи го ваучерот за нешто легално!
nuff said!
Ок, дискусијава влезе веќе во политички аспект.
Јас само сакав да кaжам во Прилеп има компании кои нудат конфигурации со GNU/Linux.
Викели, Инвента, Атлантида и Макспринт
Неможам да поверувам колку време изгубив читајќи ги овие коментари. Па дајте луѓе ние сме демократско општество. Овој пост го докажува тоа, докажува и дека премногу губиме време полемизирајќи. Тоа е проблемот на оваа држава. Оставете! Секоја иницијатива која го подржува информатичкото општество е за поздравување. Информацијата е двигател на сите високоразвиени општества. Секој кој го познава Англискиот јазик и има барем малку познавање од компјутери и интернет многу полесно може да дојде до најновите информации од својата област. Затоа и најмногу ја подржувам оваа иницијатива. Секој апсолвент еднаш ќе дипломира. Што потоа? Замислете во најдобар случај веднаш да најде работа? Тоа е помалку веројатно, повеќе личи на сон. Поверојатното е дека подолго време ќе чека за да си го испроба знаењето што го стекнал. И во двата случаи компјутерот е повеќе од потребен. Во првиот зошто работата тоа му го бара, а во вториот зошто ќе мора да поседува одредени познавања од компјутери за да може да конкурира на некој од огласите за вработување.
Мојата логика оди вака. Секој што имал можност да поседува компјутер стекнал некое знаење за користење на истиот, кое, поинаку не би го стекнал. Од тука се започнува. Знаете ли колкава е компјутерската неписменост во Македонија? Доаѓа време кога интернетот ќе биде нужност. Цените за оваа услуга уште ќе паѓаат. Сите слушнавте на вестите за Интернет 2, знаете ли што тоа значи. Тоа е конкуренција во овој бизнис. До пред неколку години и не знаевме што е интернет. Користевме Dial-up конекција и по малку ирцавме во интернет клубовите. Сега приказната е друга. Можеме да користиме практично 2Mbps неограничен интернет за 800-900 денари месечно. Пред неколку години за 5 часа 56к интернет плаќавме по 250 денари+повикот. Почекајте уште некоја година? Тоа не е многу далеку.
Можеби изгледа дека се оддалечив од темата-компјутерите, поточно зајадливо би рекол “колку тие не ни требаат и колку ќе ни го испразнат буџетот”. И јас и авторот на овој пост имаме поголеми знаења од оваа област. Тоа се должи на тоа што сме имале можност да се запознаеме со компјутерите од порано. Оставете и другите да се запознаат со нив па макар некој и да им сугерира и да ги примамува? Ќе им биде тоа од корист, верувајте. Ако Вашиот татко кога сте биле студент не можел да Ви обезбеди компјутер, нема да бевте тука и да се расправавте за нечие мислење. Оставете ги тие што ја немале Вашата привилегија да го дочекаат спремни информатичкото општество што конечно и кај нас доаѓа?
На авторот би му порачал да не биде алчен и да пропагира став кој го побива со самото тоа што го води и уредува овој блог. Нека само се сети колку компјутерот му помогнал во тоа. Не им требаат на сите машини од 1000 Евра. Не се сите гејмери и графички дизајнери. На некого само му е потребна основата за да може да ги надоградува своите знаења и да напредува во својата област. Токму тоа е суштината на информатичкото општество.
200 е помалку од 0?!
Неверојатно!!!
Прво објасни зашто некој апсолвент би мора да го искористи ваучерот па после труби дека ќе било дополнителен трошок.
Второ, од каде тоа дека апсолвентот кој ќе сака да си го искористи ваучерот ќе мора да користи Windows?
Се извинувам што не стигнав и нема да стигнам да одговорам на сите кои ме прашаа, навредија или повикаа во дополнителните коментари. Не можев/м да престигнам.
Поздрав
Хм, тоа ти се картите поделени, можеш да изиграш најдобро што можеш или да се откажеш. Ја планирам да купам најмизерно куќиште ( монитор не морало ) во кое ќе убацам многу рам и хард диск и ако има пари и графичка, кои ќе си ги пребацам на оваа моја машинка :).
Веза немате што зборувате. Ако некој воопшто нема компјутер, а сигурен сум дека има такви, овие 200 евра добро ке им дојдат. А ако имаш компјутер… Можеш да се откажеш ако не ти требаат, па може некој на кого вистински ке му треба компјутер да ги земе и искористи. А јас ке земам компјутер. И ке ме потсеќа дека на некој во државава му текнало и за мене да оддвои дел од данокот што го плаќам.
Бравос, за потегот на владата, а ти Александаре земи го ваучерот и не драпај колчишта
Освен ако компјутерските фирми не направат готови и однапред склопени машини за подигнување со ваучерот, планирам да земам компатибилни компоненти на 200 евровскиот РС со мојот постоечки компјутер за да можам да го надградам истиот. А што се тиче пиратски или опен сорс софтвер тоа не е целта на конкретниов чекор на владата. Чекор по чекор. Може и до тоа ќе стигнат. Не може све наеднаш.
И супер е и овој чекор што го направиле. Не барајте преку леб погача.
абе дечки, нешто не ми е јасно околу ваучерите. Го читав законот за доделување ваучери и таму вели дека студентите што по прв пат запишуваат последна година на студии ги следува ваучер. Тоа е во ред. Но, еве јас сум 3та на Правен, што по ЕКТС е и последна, а потоа има +2 год што не се задолжителни, што значи и ние треба да добиеме ваучери. Од друга страна пак, пред некој ден гледав контактна програма и се јави девојче од истиор факултет, 3та год. и нејзе и рекле дека не ја следува ваучер. Тоа е како прво, а како второ, не сум во тек со најновите изјави во стилот „кој прв ќе дојде, тој прв ке земе“ и „ограничен (недоволен) број на ваучери“. Може ли некој да ми појасни какви глупости се спремаат оти нели по закон сите апсолвенти треба да добијат ваучер, а излегува дека се крши закон, т.е. едно е на хартија, а друго во пракса
Поздрав до сите и благодарам