Зигмунд Димитров
Денес гледав една глупава епизода на шоуто Вртелешка, мислам дека се ужас и Бејби и Васил. Арно ама зборуваа за авторски права. Гостин му беше Славе Димитров, познат битолчанец, нели…Чија си? И во еден момент, додека зборуваа за тоа колкави педери се ЗАМП непосредно пред да увидам дека авторите, музичарите и ЗАМП не се во добри односи, муабетот се насочи кон случаи на прекршени авторски права со кои Димитров имал искуство. Немам запис од материјалот за да ви го пренесам дословно. Во емисијата се случи да Славе направи типично Фројдовско истурање на потсвеста. Кажа нешто што му легнало таму долу и сега низ разговорот го разбудил:
- „Кажете ни, вие сте имале вакво искуство
- „Па да, еднаш имаше еден случај, …блабла…“
- „Кога Чија си ја препеаја?“
- „Да. И што направив јас? Едноставно. Преку задолжените организации и здруженија си ги барав моите пари…упс..права. Си ги барав своите права.“
Ова беше целото резиме на емисијата. Авторски права -> пари -> з(амп)дружение -> незадоволни музичари.
Зигмунд Фројд ја раскажува следната приказна која ја дознал во едно негово истражување.
„Некогаш кај некој голем човек доаѓал некој свештеник со голем нос. Таткото два дена пред да дојде човекот почнал да им зборува на своите две ќерки кои многу зборувале, да не го прашуваат ништо за неговиот нос, ниту пак да се погледнат во него. Девојките решиле да го послушаат таткото. Кога свештеникот дошол, ќерките ги фатило смеа. Но се прибрале и не дозволиле срам за нивниот татко. Додека ручале едната од ќерките сакајќи да ја побара солта, покажувајќи со раката кон соларникот, му се обратила на свештеникот“:
„Ќе може ли да ми го подадете носот?“
И така. Потсвест. Чудна работа ![]()
Објавено на денешен ден:
- Zenwalker - 2006
- Неколку филмови за 2006 - 2006






Топ… фројдијанската грешка на Славе кажала се
коментарот Ви е пребрз и паушален, затоа што видно од него, првпат слушате за фамата околу Чија за која нашироко се пишуваше во 70-тите, и кога се мораше да оди преку Блеград.
Pogorniot komentar e pausalen, a toa, zatoa sto vidno od nego, za prvpat se zapoznavate za taa fama od 70-tite (za koja nasiroko citavme) i koga se, pa i zastita na toa delo moralo da odi preku Belgrad, za razlika od denes koga imame sosem poinakov “ambient”, ……
Totemizam i egzogamija
и јас гледав, но сметам дека овде не се работи за потсвест, туку за јасна и свесна споредба на квалитетот на застапување на авторите што некогаш се вршело од бившо - југословенската организација, што денес (по се изгледа) не е случај со сегашното истоветно македонско здружение.
Ок де, ЗАМП е тоа што викаш, али идеите на музичарите се само пари и пари. Ништо друго.
Гордан, патем, уште колку пати ќе коментираш?
Почекај, модерирам коментари заради спам. Благодарам.
поздрав
патем, дали сметаш дека твојот труд или идеи не треба да бидат валоризирани?
Напротив, сметам дека валозирирањето е основата за развој на едно опшстество. Од каде таа идеја?
Впрочем ова може да е малку пипаво, така што ќе мора да објасниш подобро кон каков аспект на валоризација целиш за да одговорам подетално. Еве, за почеток, валоризација од аспект на вредноста на делото како економски субјект или валоризација на делото како зајакнување на неговата вредност (уметничка, социјална, културна итн.)?
Трудот што јас го создавам си има своја вредност и никој не спори за тоа дека делата треба (и си) имаат своја вредност која треба да се проценува. Проблемот е што сите денес се борат за авторски права исклучиво само поради мизерната состојба на музичарите и другите автори во Македонија, а од нив добиваат ебени 2000 денари. И тоа таа сума ја добивал личност како Тоше (ова исто спомнаа во емисијата). Значи ако јас од ЗАМП добивам 2000 денари за заштитени авторски права, тогаш веднаш ќе ја променам политиката на лиценцирање и ќе ставам лиценца од рангот на Криејтив комонс.
Ок. Го прифаќам без никакви дилеми твојот последен став.
Пријатна ноќ